Бугарија ќе испорача вето за Македонија во преговорите со ЕУ


Предлогот на ЕК за почеток на преговорите со Македонија за членство во унијата овој пат има нова препрека. Според весникот „Труд“ кој се повикува на дипломатски извори Софија минува на страната на Грција и станува противник на членствоно на Македонија во ЕУ.

Комесарот за проширување Штефан Филе предложил Скопје да почне преговори во јуни, а прашањето за името да се реши во раната фаза на преговорите.

Според бугарските медиуми оваа идеја имала поддршка од 14 од вкупно 27 членки, меѓу кои Австрија, Велика Британија, Полска, Унгарија, Финска.

Буграија, заедно со Франција, која има поддршка од Германија, Шпанија и Португалија дале предлог без датум за почеток на преговорите.

Филе и приврзаниците на неговиот план сметаат дека ако Македонија не добие поддршка со датум, може да се врати назад во развојот.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1