Фотографот Емилио Апарацио Родригез бездомничката Андреа Чапаро ја запознал пред неколку години на улиците на Каракаса. За жал не наведува како се зближиле, но тоа за оваа приказна и не е толку важно. Најважно е што не заборавил на нејзиниот 47ми роденден.
Тоа утро купил конфети, роденденска капа, синџирче и крофна која послужила како торта. И подарил и фотографија на која била фотографирана со нејзиното куче Лулу.
Андреа и со ова била пресреќна, меѓутоа Родригез не застанал тука. Ги замолил случајните минувачи да и запеат „Среќен роденден“ што насобраната толпа со задоволство го направила.
Погледнете колку овие моменти и значеа и што значи за неа да е во центарот на вниманието меѓу случајните минувачи кои обично поминуваат покрај неа и ретко кој и пуштал по некоја железна паричка.