Убиени пожарникари на задача


pozarnikariНајмалку двајца пожарникари се убиени а двајца други ранети, откако дошле на задача да изгасат пожар во американскиот град Вебстер во сојузната држава Њујорк јавува СNN.

Полициските извори јавуваат дека непознат напаѓач пукал од огнено оружје кон пожарникарите пред да почнат да го гаснат пожарот и додека се обидувале да и пријдат на куќата која била во пламен.

Целиот кварт е евакуиран бидејќи пожарникарите со часови не можеле да почнат да гаснат пожар па огнената стихија зафатила уште две куќи и еден автомобил.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1