Бомбаш активирал бомба во туристички автобус на паркингот на аеродромот во Бургас Бугарија. Убиени се најмалку тројца Израелски туристи, бројот на повредени се уште расте.
Бугарските медиуми јавуваат дека загинатите се тинејџери.
Автобусот требало да ги превезе Израелските туристи кои слетале во Бургас во 16:45. Туристите се качиле во автобусот кој бил паркиран пред аеродромот околу 17 часот – кога и се случила експлозијата. Во моментот на експлозијата во автобусот имало 40 туристи од Израел. Министерот за надворешни работи Николај Младенов веќе зборувал со Израелскиот министер и заедно ја спроведуваат истрагата како дошло до експлозијата.
6:13 P.M.: градоначалникот на Бургас Димитар николов изјави дека експлозивот бил сместен во багажникот на автобусот.
6:09 P.M.: Novinite.com известува дека Бугарскиот претседател, премиер и министер за внатрешни се на местото на експлозијата.
5:56 P.M.: 18 Израелци биле евакуирани и згрижени во локалната болница, се очекува бројот на повредените да расте.
5:54 P.M.: бројот на загинати се искачи на 7