Едно куче ќе биде погубено во Тенеси, откако неговиот сопственик се одрекол од него затоа што е геј. Кучето во моментов се наоѓа во засолниште за животни, а на 1 февруари, ќе биде успиено, доколку во последен момент некој не се појави за да го посвои.
Судејќи по зборовите на сопственикот на засолништето, газдата на кучето го приметил како се наведнало на друго куче во обид да има сексуален однос со другото куче кое исто така било мажјак – што го навело на заклучок дека е геј.
Иако е познато дека кучињата од време на време знаат како да го изразат хомосексуалното однесување, експертите велат дека ваквото оденсување на кучињата, не е показател на сексуалната ориентација, туку знак на доминантност.
Судбината на ова куче предизвика возбуда кај голем број на љубители на животни кои се обидуваат да му пронајдат сопственик пред да биде доцна, а на Фејсбук е поставена и посебна страница со овој апел.
Многу заинтересирани се јавиле и извесно е дека кучето ќе си најде нов сопственик – фотографијата е од несреќното куче која беше постирана на фејсбук страната од страна на засолништето каде сега се наоѓа кучето.