САД воведоа засилени безбедносни мерки во кино салите по вчерашниот напад во кои беа убиени 12 лица, а 59 ранети.
Новите мерки рпедвидуваат претрес на сите посетители, нивните чанти, а ќе има и засилено полициското присуство.
Кино салите на „Еј-Ем-Си Титрс“ соопштија дека се забранува внесување на маски, играчки оружја и други реквизити карактеристични за филмските херои.
Вчерашниот напад во Колорадо се случи на премиерата на најновиот Бетмен. Половина од посетителите биле маскирани во ликовите од филмот, а дел од нив кога почнало пукањето биле мирни зошто мислеле дек се работи за ефекти од филмот.
Напаѓачот , 25-годишниот Џејмс Холмс е уапсен и според полициски извори во текот на сослушувањето изјавил дека тој е Џокер, филмски лик кој е непријател на Бетмен. Холмс ја имал обоено косата во црвено, каква што има и филмскиот Џокер и делувал „пореметено“.