Дали е ова најоргиналното запросување во Македонија до сега? според фотографијата која врти на социјалната мрежа фејсбук богами е – ако е оваа прикаска вистинита секоја чест на момчето за инвентивноста и за романтичниот гест.
Според она што е напишано под фотографијата двојката се возела на жичарата – кога исценирано снемало струја. момчето ја запросило девојката и потоа прикачен на сајла со неа во раце ја симнал безбедно на земја.
Не можеме а да не се запрашаме – а што ако девојката рекла НЕ. дали ќе останела да виси во жичарата без струја?? ха ха ха – во секој случај според фотографијата девојката рекла ДА – Ние им честитаме на најоргиналното запросување досега – Браво Никле за потегот – подаваме рака.
еве што пишува под фотографијата.
,, Значи прикаската е вака:„Снашката“ се вози со жичара и тап…снемува струја…спасителот Никле (синко мој) се спушта по сајла, влегува во кабина и таму ја запросува, нормално со веренички прстен. Возбудата трае и натаму ..следи спуштање со јаже до мајчица земјица ( види фото), каде што ги чекаат другарите. И… бидејки на деца многу-многу не се верува, синоќа семејството Јаневски..тап, кај семејството Стојановски и од „снашка“ со наводници ни стана СНАШКАААА. НЕКА СЕ ВЕЧНО СРЕЌНИ И ВЕСЕЛИ, а нашата среќа ние и на ваков начин ја споделуваме со нашите пријатели.Однапред ви благодарам за досегашните, и честитките што следат.