Еве што се случува кога ќе заборавите да ја кренете рачната на својот автомобил при крајбрежјето на улиците во Сплит. За среќа во овој случај немало никој во автомобилот, соопштуваат од полицските служби.
На фотографијата се гледа како покрај автомобилот пливаат две машки особи, но, не е познат нивниот иденитет, ниту пак што прават покрај возилото.
Полициските службеници за случајот се информирани во 19:30 часот, време кога возилото се нашло во водата, но за среќа не ја пореметил пловниот сообраќај.
Околностите под кои се случил овој инцидент се истражуваат.
Сличен инцидент се случил и пред десетина дена, кога една госпоѓа од Чешка при паркирањето заборавила да ја крене рачната, по што и ој автомобил завршил во морето.