Будва: Борба до смрт за туристите – тепачка кој да издаде соба – една жртва



Српскиот државјанин Стеван Миленковиќ, кој на нелегален начин изнајмувал соби во Будва, до смрт го претепал својот колега Драган Ивовиќ. По нанесените тешки повреди, Драган пет дена морал да ги мине во болница, но им подлегнал на повредите.

Ивовиќ и Миленковиќ се сретнале на главната градска улица, каде што впрочем стоеле и најголемиот број на нелегални издавачи на соби, па постојано овој регион е и на удар на инспекциските контроли. Тепачката се случила на денот кога инспекцијата поминала покрај улицата.

И двајцата со цел да го избегнат апсењето, се повлекле покрај еден дуќан. Според зборовите на случајните минувачи, ништо не укажувало дека ќе дојде до расправија на двајцата средовечни господа. Меѓутоа како што минувало времето, разговорот почнал да се заострува, Миленковиќ почнал да го удира по главата и целото тело неговиот „конкурент“, по што вториот паднал на земја.

Веднаш пристигнале и останатите нелегални издавачи на соби кои го спречиле Миленовиќ да му зададе уште неколку силни удари на несреќниот човек.
Веднаш потоа пристигнала и полицијата, по што и двајцата биле приведени во станица. По сослушувањето, Миловановиќ му била поднесена кривична пријава за нанесување на тешки телесни повреди и му е одреден едномесечен притвор.
Во меѓувреме Ивовиќ им подлегнал на повредите здобиени од ударите во тепачката, па од полицијата изјавиле дека сега кривичното дело ќе го преквалификуваат и со кое Миленковиќ се обвинува дека нанел тешки телесни повреди кои предизвикале смртен случај.
Ивовиќ кој со години се занимава со издавање на станови, бил со нарушено здравје и на тој начин единствено успевал да го прехрани своето семејство.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1