Во селото Рудовац во општината Лазаревац се гради хотел со 4 звездички во чии луксуз ќе уживаат коњи. Ќе има 12 пространи дуплекс апартмани во кои може да се сместат 26 ,,гости,,
Ќе има луксузен намештај и мени на кое има исклучиво здрава храна од највкусната шумадиска трева, на раполагање има и педикир, дотерување на гривите и копитата и големо шеталиште.
Хотелот го гради Радоје Раша Станојловиќ – 63 годишен универзитетски професор по економија кој повеќе од 30 години живее во Америка.
целта му е да ги привлече странците и да им понуди место каде да ги сместат своите 4 ножни миленичиња.
Раша веќе има изградено етно село ,, Рашино село,, на земјата од дедо му и се занимава со производство на здрава храна за животни. Не е шега овој србин својата здрава храна за животни ја извезува во дури 70 земји во целиот свет.