Општина Центар и оваа година продолжува со практиката да доделува помош на новородени деца. Услов е родителите да се жители на општина Центар.
Центар ќе доделува еднократна парична помош во износ од 5.000,00 денари за секое новородено дете во период од 1 јануари до 31 декември 2012 година.
За аплицирање потребни се извод од книгата на родените за новороденчето и лична карта на родителите, како и копија од трансакциска сметка. При аплицирањето се пополнува и формулар.
Апликацијата родителите треба да ја достават во барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот. За подетални информации на тел: 3203 663 во службата задолжена за разгледување на овие барања.