Сообраќајка на патот Битола – Ресен, загина жена, две лица се повредени


Вчера на полноќ, на патниот правец Ресен-Битола, во близина на местото викано Ротинска крстосница во сообраќајна несреќа животот го загуби едно лице а две се повредени.

Несреќата се случила кога автомобил „Фолксваген“  управуван од 34 годишен прилепчанец се судрил со камион „Сканија“ управувано од 45 годишен возач од с.Врбоец- крушевско.

Животот го загубила сопатничка во автомобилот Софи Д. (34) од Р.Албанија, со привремен престој во  с.Свето Митрани-крушевско  која им подлегнала на повредите во болницата во Битола

Возачот на автомобилот, и уште една повредена сопатничка од автомобилот, 49 годишна жителка на Албанија се пренесени  и задржани  на лекување во Клиничката болница во Битола.

Направен е увид на лице место, сеуште не се знаат причините поради кои дошло до несреќата. Телото на починатата е предадено за обдукција.

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1