Mлада жена во Прага имала голема среќа, кога останала жива и без никакви повреди иако паднала во подземната железница токму во моментот кога поминувал возот.
На снимката, од видеокамерите во подземното метро, се гледа како жената паѓа меѓу шините и останува таму да лежи кога доаѓа возот.
Сведоците на немилата случка, се изненадени кога меѓу два вагони наеднаш жената ја дига раката и ја извлекуваат нагоре.
– Таа застана на нозе, си ги исчисти пантолоните и си отиде, изјави портпаролката на полицијата, Ева Кропачова. Кропачова додаде дека жената одбила лекарска помош и не сакала да направи алкотест тврдејќи дека е само уморна.