Најмалку осум луѓе загинаа во железничка несреќа во близина на Париз, пишува весникот „Паризиен”. Несреќата се случила на самата железничка станица Bretigny-sur-Orge.
„Возот пристигнал на станицата од Лимож со голема брзина. Се раздвоил на два дела од неразјаснети причини. Дел од возот продолжи да се движи, додека другиот дел останал на својата платформа”, јави полициски извор.