Утринава пред Скопскиот Кривичен Суд со лисици беше изведен Паско Кузман, јавува Прес 24
Екипата на Пресс24 го забележала и побара потврда од полицијата. Од МВР кусо потврдија дека Кузман бил уапсен утринава но повеќе детали најавувааат за подоцна во текот на денот. Потврда дека Паско Кузман е уапсен има и од судот како што јавува Канал 5.
Според извори од истрагата, Паско Кузман е приведен во врска со акцијата Фаланга 2 во која претходно паднаа 19 лица меѓу кои и вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија како и полициски службеник од Велес.
Групата од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје вршела илегални ископувања на предмети со културна и археолошка вредност, продавање на истите во Р.Македонија и странство како и продажба на икони за кои постојат сомненија дека потекнуваат од црковни објекти, а се со непроценлива вредност за културното наследство на Р.Македонија.