Хипербарната комора на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје е нов тренд меѓу невестите во Македонија, пишува утрешен „Вест“.
Пет пациентки досега побарале разубавување со чист кислород во хипербарната комора и приватно си ја платиле услугата, која не ја покрива Фондот за здравствено осигурување.
– Третманот за разубавување со чист кислород се користи секаде во светот. На пример, Мадона и Новак Ѓоковиќ имаат нивни лични хипербарни комори, бидејќи со овој третман се затегнува кожата и тој дава многу енергија.
Од 286 пациенти колку што се третирани во комората, имавме и пет што тоа го побараа од естетски причини, и сите беа на третман пред свадба – вели за весникот директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Смиља Туџарова.