Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун навистина се забавува. Медиумите го сликале во забавен парк во Пјонгјанг. Младиот лидер сакал да се вози на ролекостер па си ги земал со него и пола влада и дипломати.
На фотографиите како се вози на ролекостер е и млад британски дипломат, Барнаби Џонс,
Велика Британија е една од неколкуте западни земји кои имаат амбасада во Северна Кореја. Сепак, британските дипломати имаа малку контакт со претходниот лидер Ким Јонг-Ил, кој почина минатиот декември.
Но лидерот на Северна Кореја сега покажа изненадувачка желба да ги води на забави и да си игра и со дипломатите. Неговите излети вклучуваат патувања во зоолошка градина, поп концерт и слично.
И покрај се, Северна Кореја и натаму останува една од повеќето затворени земји во светот, имајќи строга контрола на медиумите и повеќето други аспекти на јавниот и приватниот животво земјата.