Подготвени ли сте за пеколни 40 степени?


Под влијание на жешка воздушна маса која доаѓа од Африка, не очекуваат пеколни температури и тешко време.

Метереолозите велат сончево и многу топло време со дневните температури над 30-от степен Целзиусов цела недела.

Во сабота – пекол. Не очекуваат температури до 40-от степен

Во наредните денови Македонија ке биде под влијание на жежок африкански бран. Вистинските пеколни температури ке ги очекуваме кон крајот на работната недела (четврток, петок и сабота) кога максималните дневни температури во Македонија ке се движат од 33°C до 42°C.

Во Македонија во понеделник тропски ден. Ке биде сончево и многу топло. Попладне во крајните западните предели ке има услови за развој на нестабилност која може да донесе локални врнежи од дожд и грмотевици, а можна е и појава на град (иако шансите се многу мали мораме да напоменеме). Ке дува слаб југоисточен и источен ветар. Утринските температури ке се движат од 14°C до 24°C, а максималните дневни ке се движат од 27°C до 37°C. Ув индекс 8.

Во вторник ке биде сончево, многу топло и ветровито. Попладне во крајните западните предели ке има услови за развој на нестабилност која може да донесе локални врнежи од дожд и град (иако шансите се многу мали мораме да напоменеме). Ке дува доумерен југооисточен и источен ветар. Утринските температури од 13 °C до 23°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 26°C односно до 36°C. Ув индекс 8.

Во среда во Македонија ке биде тропски ден. Сончево и многу топло. Слаб југоисточен ветар. Утринските температури од 14°C до 24°C, а максималните дневни ке се движат од 27°C до 37 степени. Ув индекс 9.

Врвот на тропскиот бран ке го очекуваме во четврток, петок и сабота.

Во четврток тропски ден. Ке биде сончево и многу топло. Попладне во крајните западните предели ке има услови за развој на нестабилност која може да донесе локални врнежи од дожд и град (иако шансите се многу мали мораме да напоменеме). Слаб променлив ветар. Утринските температури ке се движат од 15°C до 25°C, а максималните дневни ке достигнат до 29°C односно до 39°C. Ув индекс 9

Во петок тропски ден. Сончево и многу топло со висока вредност на ув индексот која ке достигне 9. Слаб променлив ветар. Утринските температури од 16°C до 26°C, а максималните дневни ке се движат од 30°C до 41°C

Во сабота не очекува последниот  тропски ден, од овој афрички топлотен бран. Сончево и многу топло. Слаб променлив ветар. Утринските температури од 17°C до 27°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 31°C до 42°C. Ув индекс 9.

Пад на температурата и можност за локални врнежи од дожд и грмотевици ке има во недела. Ке има услови за продор на нестабилна воздушна маса од север, која ке го промени правецот на ветерот во северен и северозападен и ке услови пад на температурите, па максималните дневни температури ке се движат од 28°C до 38°C. Ув индекс 8.

превземено од www.weather4all.com.mk

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1