На грците им легна Георгиевски – го цитираат ,,скопјаните ја фалсификуваат историјата


Повеќе грчки медиуми денеска ја објавиле веста за промоцијата на книгата на Љубчо Георгиевски, но не се заинтересирани за неговиот животен пат и ставови туку се закачија за едно тврдење – дека македонија ја фалсификува историјата, пишува нетпрес.

Со наслов ,, Скопјаните се најголеми фалсификатори на историјата на Балканот,, грчките весници пишуваат дека тоа се официјални ставови на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ, сега лидер на ВМРО-Народна и идниот коалициски партнер на Бранко Црвенковски и СДСМ, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Некои од електронските медиуми дури приложиле и стара видео снимка каде Георгиевски тврди дека Македонците имаат само 100 годишна историја и дека не треба да крадат историја од Грците, од Бугарите и од Албанците.

Изгледа Георгиевски не ги видел Стоби и Хераклеа кој според него се историја стара само 100 години ?

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1