Непријатната миризба на телото не е омилена тема. Сепак постојат некои работи кој би можеле да ги избегнете, а кој се дирекни причинители за непријатниот мирис на телото.
Некои апчиња, меѓу кои и контрацептивните таблети може да се одговорни за непријатниот мирис. Овие апчиња ја сушат устата и поради тоа предизвикуваат ,,лош здив,, а состојките кој ги содржат, а кој се базирани на хормоните во телото, не ретко се причина за непријатниот мирис.
Овие нус појави како сушење на грло и слично обично се наведени во делот за нус појави – доколку го има наведено голема е веројатноста токму тие да се виновникот.
Храна
Некои луѓе имаат непријатен мирис на телото поради храната која вообичаено ја готват дома и состојките кој ги употребуваат.
Мирисот на јаки зачини, пржено, маст, освен во завестие и останатата покуќнина се задржуваат и во телото, а притоа и да не го забележувате вие тој мирис.
Ова е слично како кога ќе излезете од ќебапчилница – со денови го чуствувате мирисот како да сте сеуште таму.
Ова може да се избегне доколку додека готвите проветрувате или користите редовно аспиратор.
Системот за варење кај некои луѓе тешко го поднесува месото. Некои состојки од месото многу потешко ги вари што создава непријатен мирис низ кожата.
Вегетаријанците на пример тврдат дека веднаш ги препознаваат луѓето кој јадат месо бидејќи имаат специфичен мирис.
Лошо варење
Овде не станува збор само за гасови. Кога цревата се подуени, а повеќе од три дена не сте се олесниле, токсините во телото почнуваат да се ослободуваат преку порите на кожата, а тоа создава непријатен мирис кој знае да биде и многу интензивен.
Доколку тоа ви се случи не се двоумете да земете апчиња за олеснување.
Уринарни инфекции.
Бактеријата која ги предизвикува уринарните инфекции има јак мирис кој го излачува преку порите. Многу луѓе поради страв од болното мокрење кога имаат инфекција го задржуваат мокрењето и тука најмногу грешат. Доколку не се испушти течноста се излачува преку кожата и создава непријатен мирис. Доколку имате уринарна инфекција мокрете што почесто можете, за да ја исфрлите на тој начин бактеријата и да го прочистите организмот.
Стрес и пот
Веќе е и научно докажано дека најчест причинител за непријатен мирис на телото е стресот. Ој создава анксиозност, испушта кортизол – хормон на стресот кој пак предизвикува потење. Потта сама по себе нема мирис но кога ќе дојде во допир со бактериите на кожата почнува да се шири непријатен мирис.
Дезодоранси
Средствата кој вообичаено се користат токму за да го убијат непријатниот мирис најчесто предизвикуваат сосема спротивен ефект. Некои од нив содржат состојка која ги храни бактериите на кожата, што непријатниот мирис го прави уште поузразен.
Лекарите велат најдобро е да се туширате редовно и тоа без гелови и шампони , само со вода, а од дезодоранси да се користат исклучиве природни кој не ги затвораат порите.
Непријатен здив
Ова е прилично чест проблем. Може да биде предизвикан од запаление на непцата, расипан заб, лоша исхрана, дијабетес, запаление на синусите, болна јетра или неправилна хигиена на усната шуплина.
Доколку лошиот здив трае подолго време веднаш треба да се посети лекар, бидејќи тоа укажува на некое заболување.
Доколку не се работи за заболување она што можете да го превземете е секако неколку пати на ден четкање на забите, поради остатоците од храна, хигиена на јазикот ( со посебните направи) да не пушите, избегнувате алкохол или тешки пијалоци, и редовна посета на забар.