5 милиони бебиња од епрувета се родиле во светот


Првото родено бебе од епрувета е Луиз Браун, родена во Велика Британија во јули 1978 година. Нејзината мајка Лесли Браун почина минатиот месец.Според истражувањето претставено на конференцијата на експерти за плодност од целиот свет во Истамбул Турција, досега во светот се родиле 5 милиони бебиња од епрувета.

Сепак, делегатите на конференцијата предупредија – иако технологијата е напредната, паровите кој одлучиле да го одложат родителството да не се ослонуваат многу на бебето од епрувета како  “полиса за осигурување”

Меѓународниот комитет за следење асистирани репродуктивни технологии (Icmart) ги претстави својот најнов податоци за децата родени од неплодни родителите на конференцијата на Европското здружение на хумана репродукција и ембриологија.
според нив официјално бројки за бројот на бебиња има до 2008 година, плус три години проценки и се доаѓа до бројката од 5 милиони родени бебиња од епрувета. Претседателот на Icmart д-р Дејвид Адамсон вели “Оваа технологија е многу успешна во лекувањето на неплодните пациенти. Милиони семејства на овој начин добија дете, а со тоа се намалува и товарот на неплодност.

ИВФ стапки на успех  (врз основа на податоците за 2008 година)
33,1% за жени помлади од 35
27,2% за жени на возраст од 35-37
19,3% за жени на возраст од 38-39
12,5% за жени на возраст од 40-42

“Оваа технологија е подобрена во голема мера со текот на годините.”
Околу 1,5 милион циклуси на вештачко оплодување, и слични техники, се вршат секоја година, што резултира со 350.000 бебиња.
сепак научниците препорачуваат паровите прво да се обидат по природен пат да зачнат “ИВФ е навистина нешто што треба да се зачува за оние луѓе кои навистина им е потребно.” Велат.

Share Button

Tags: , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1