Во Италија со закон забрането навредување на машкоста!


Италијанскиот суд го прогласи за кривично дело изрекувањето на навреди на сметка на туѓа машкост, а со тоа Италијанците ќе може да го тужат секој оној што ќе ја навреди нивната гордост.

Кога адвокатот Алберто кон крајот на јули пред полна судница го навреди својот колега и роднина Виториј, не ни насетувал дека неговата пцовка ќе има силно влијание врз секојдневниот живот на Италијанците.

Меѓутоа, на почетокот на август судијата Маурицио Фумо донел пресуда која предизвикала лавина коментари низ цела Италија. Судот донел одлука дека Албертовата пцовка „Немаш м….а“, од сега во Италија со закон да биде забранета бидејќи го навредува чувството на машкост и репитацијата на Италијанците.

– Ова не се однесува само на физички недостаток туку и на слабост на карактерот, отсуство на одлучност и способност, вредности кои се, со право или не, се уште поврзани со машкиот род, изјавил судијата Фумо.

Покрај наброените значења, во споменатиот случај дополнителна отежнувачка околност било и тоа што навредата „паднала“ на работното место и тоа пред полна сала.

Судот не утврдил дали постои сличен израз прикладен за женскиот род кој исто така би бил забранет по примерот на оваа пцовка.

 

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1