Шокантно: Муслиманска секта во Татарстан под земја чувала десетици деца повеќе од 10 години


Случајот го открила полицијата во руската република Татарстан. Муслиманска секта живеела под земја и држела десетици деца без греење, сончева светлина или пристојна вентилација, речиси 10 години.

Во полициската акција се уапсени неколкумина нејзини членови кои се обвинети за злоупoтреба на деца. Некои од нив никогаш не виделе сонце.

Според информациите, 83-годишниот лидер на сектата Фаизрахман Сатаров е обвинет за „самоволие“.

Властите најдоа околу 70 луѓе кои живееле во подземен бункер, вклучувајќи 27 деца и 38 возрасни во бедни катакомби, налик на ќелии, ископани на 8 нивоа под куќата на Сатаров.

Руската веб страница Ислам њуз наведува дека Сатаров се прогласил за исламистички пророк во средината на 60 години од минатиот век откако електричните искри од тролејбуски кабел ги окарактеризирал како божја светлина.

 Некои од децата биле родени во подземните бункери и никогаш не виделе дневна светлина. Најмалото има 18 месеци, а најстарото е 17 годишна девојка, која е бремена.

 Руското обвинителство најави дека ќе побара забрана на сектата доколку продолжи да им забранува на членовите да бараат медицински третман или да одат во училиште.

 Судот треба да реши дали деца ќе останат заедно со нивните родители.

 Сектата чии членови се нарекуваат „мумини“, верници, беше откриена во едно предградие на Казан на 1 август за време на истрагата по последните напади врз муслимански свештеници во Татарстан.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1