Фармацевтската фирма „GlaxoSmithKline“ казнетa 3 милијарди долари



Фармацевтската фирма „GlaxoSmithKline“ ќе мора да плати 3 милијарди долари казна.

Според договорот со американскиот Оддел за правда „GlaxoSmithKline“ призна дека е виновен поради рекламирање на два популарни лека кои не добиле одобрение од Агенцијата за храна и лекови, но и поради неинформирање на важни податоци за сигурноста на трет лек.

Заменикот на државниот правобранител Џејмс Кол изјавил дека тоа е максималната казна која една фармацевтска компанија треба да и плати на Америка. Тој посочи дека GlaxoSmithKline, покрај парична казна, прифати американската влада да врши надзор на нивното работење во следните 5 години.

Оваа Британската фармацевтска компанија, исто така, призна дека потплаќала американски лекари за да ги препишуваат нивните производи. За тоа ги наградувале со патувања, милиони за медицински турнеи, па дури и со билети за концерти.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1