АБ телевизија се затвори – вработените распуштени денес


АБ телевизија се затвори. Газдата Бојо Андревски денеска ги собрал вработените на состанок и им објавил дека ова им е последниот ден на работа.

Од денес нема да има вработени во телевизијата, а ќе се емитува само снимена програма до конечното згаснување, кое според информациите ќе биде утре.

АБ канал имаше ненамирени обврски за концесијата и Советот за радио-дифузија, најверијатно оваа недела на дневен ред ќе ја имал телевизијата.

Сопствениците веќе некое време се обидуваа да најдат купец за телевизијата, и покрај многуте шпекулации за нови сопственици тоа не се случи.

На вработените им било кажано дека сите плати ќе им бидат исплатени, заклучно и со месец септември.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1