Македонија високо на листата по одлив на мозоци


Според светската листа на одлив на мозоци Македонија е една од земјите со најголем процент на високообразувани кадри кои си заминуваат.

Се наоѓаме на на 133 место. Листата е рангирана обратно. Односно последната земја е земја со најмногу одлив.

Листата е според процентот на заминување на студенти и високообразувани кадри во странство. Во  Извештајот за компетитивност на Светскиот економски форум (WEF) се рангирани вкупно 144 земји при што последното место е на онаа држава со најголем одлив на кадри, а Македонија е на 133 место.

повеќе одлив на мозоци од нас имаат Србија која е на 139 место и Босна и Херцеговина, која е на 140 место. Зад БиХ се Бурунди, Хаити и Алжир.

Пред Македонија се Црна Гора на 60 место, Словенија на 83 место, Албанија на 96 место, Бугарија на 127 место, Хрватска на 128 место и Романија на 131 место.

Извор – Факултети.мк

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1