Аквадуктот во Скопје ќе падне – поткопани основите на столбовите – Фото


Скопскиот Аквадукт е видно оштетен, а оставен е да пропаѓа без никаква грижа. Оваа фотографија е направена денеска, од Тони Манџуковски. На неа може да се види оштетувањето кое е настанато на Скопскиот Аквадукт, културно-историски споменик со непроценлива вредност и еден од ретките вакви објекти на Балканот.

Скопскиот аквадукт е археолошки локалитет кој се наоѓа кај Визбегово.

Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на Римската империја или Византија. во времето на Јустинијан I, од 527 – 554 година, па поради тоа овој аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт.

Според овие мислења тој бил поврзан со градот Скупи. Се смета дека преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до “топџиската касарна”.

Во 1669 година патописецот д-р Браун запишал дека “аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит”. Според Прокопиј водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 година. Се верува и дека поради сличноста со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли ан во Скопје, тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во текот на 15 век, кога градот Скопје започнал интензивно да се зголемува.

Аквадуктот за последен пат бил обновен по Скопскиот земјотрес во 1963 година, кога биле поправени три свода и два столба кои паднале од јачината на земјтресот.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1