Алсат-М: Уапсен од Куманово и избегал на полицијата


Еден од уапсените кои се борел против полициајта во Куманово, им побегнал на припадниците на МВР,пренесува Алсат -М. Тоа се случило два или три дена по полициската акција, во близина на селото Брест. Осомничениот бил изнесен на терен за да им покаже на полицајците, каде е скриено оружјето украдено при нападот на полициската станица во Гошинце.

Официјално, од полицијата велат дека го истражуваат настанот

„Поголем број од уапсените лица соработуваа, односно даваа искази на полицијата по апсењето во врска со украденото оружје од Гошинце. Точно е дека едно од уапсените лица успеало да избега. Се испитиуваат сите околности на настанот.“

teroristi predavanje1-500

Додека од МВР не сакаат да го соопштат лицето кое избегало, на интернет веќе постои аудио снимка, на која наводно говори пребеганиот- Сулејман Османи од Брест. Изјавата му ја дава на Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, на териотријата на Косово. Лицето претставено како Османи прво објаснува како бил тепан во станица, па немал друг избор освен да покаже каде е оружјето.

Според неофицијални информации на АЛСАТ М, Османи бил во првата група која ù се предаде на полицијата во Куманово. Според некои извори бил и првиот кој излегол пред припадниците на МВР.

Освен за овој детаљ од акцијата во Куманово, АЛСАТ М денеска побара став од полицијата и за неточниот број на загинати кој го соошти МВР- 14. Имено, вчера за АЛСАТ М, од јавното обвинителство соопштија дека конечната бројка на мртви од страна на вооружените е 10.

„Одгорност на МВР беше спроведувањето на акцијата. Во оној момент кога таа заврши, го обезбедивме местото, за да може надлежниот јавен обвинител којшто ги предводеше форензичките тимови да излее со финална официјална информација. Информаиите кои ние ги соопштивме беа првични информации од терен добиени од полициските службеници кои директно учествуваа во акцијата и нагласивме дека не се конечни. Не исклучено некои мртви тела да биле пребројани двапати од двајца различни полициски службеници. Во надлежност е на јавниот обвинител, којшто го води увидот, да даде официјална бројка.“

Првичната бројка од 14 загинати беше соопштена на првата прес конференција на МВР, ден по случувањата во Куманово. Истиот биланс го повтори и Премиерот Груевски, два часа подоцна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1