Американците ќе гласаат преку Фејсбук


Американската држава Washington е прва држава во САД која ќе им дозволи на бирачите да се регистрираат за изборите преку фејсбук.

Оваа можност ја најавил портпаролот на американскиот државен секретр, Brian Zylstra.

Регистрацијата по пат на интернет е воведена во  2008. но сега се дава дозвола и на фејсбук – како еден од многуте обиди да се анимираат граѓаните да излезат на избори. Апликацијата заеднички ја развиле Facebook и Microsoft, а ќе ја има поставено на официјалната страница на фејсбук на американската држава Вашингтон.

За да се регистрираат им треба име, презиме, датум на раѓање и нивниот матичен број или пак бројот на возачката дозвола. Најавено е дека освен во Вашингтон, овој коцепт наскоро може да се воведе и во Калифорнија, Орегон и Невада.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1