Апсења на Косово поради трговија со луѓе


Косовската полиција соопшти дека во склоп на акцијата “Прстен“ уапсила 11 припадници на криминална група која се занимава со трговија на луѓе, а идентификувани се и 22 –те Молдавки кои биле чувани како бело робје.

„Полициските единици од Призрен и Приштина извршија претрес на 11 локации, пет ноќни барови и регионалниот центар за вработување во Ѓаковица“, стои во соопштението на полицијата.

Истрагата за овој случај започна пред две години по наредба на Специјалното обвинителство на Косово.

Уапсените се товарат за повеќе кривични дела, како трговија со луѓе, организиран криминал, перење пари, фалсификување на документи и незаконско поседување на оружје.

Во текот на истрагата беа обезбедени докази од изјавите на 22-те жртви, сите државјанки на Молдавија. Криминалната група ги чувала Молдавките под засилено обезбедување со цел да ги наведат на проституција и да заработуваат од нив. Меѓу уапсените има и еден службеник од канцеларијата за вработување од Ѓаковица.

 Во трекот на претресот пронајдени и одземани се автоматска пушка Калашников АК-47, ловџиска пушка, пиштол ТТ, пиштол од 9 милиметри, два шаржери со 60 куршуми, компјутери, телефони 11.540 евра и 213 американски долари.

Сите уапсени, по налог на обвинителството се задржани во полиција.

 

Share Button

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1