Archive by Author

Брнабиќ: Државјаните на Македонија од 1 јуни можат во Србија без обврска за негативен тест за Ковид-19

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст. Таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини […]

______________________________________________________________________________________________________

Србија согласна за отворање на границите на 1 јуни, Грција од 15 јуни ќе прима туристи

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, учествуваше денеска на видео конференцискиот состанок меѓу претставниците на Високиот совет за соработка на Република Србија, Бугарија, Грција и Романија, на кој е разговарано за постепено попуштање на мерките за олеснување на транспортот на луѓе и стоки, како и за туристички патувања меѓу државите од Квадритералата- Србија, Грција, Бугарија и […]

______________________________________________________________________________________________________

Влада: Се укинува домашната изолација, која беше задолжителна после државниот карантин

Владата на Република Македонија на денешната 55-та седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово. На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца починати, 22 нови случаи и 50 излекувани во изминатото деноноќие

Министерот за здравство вели дека најголем број од последните случаи на заразени се поради приватни групирања и собири. денешната статистика покажува дека бројот на заболени не се намалува и изминатото деноночие има 22 ца новодијагностицирани како и 50 оздравени пациенти. Во Гоб 8ми септември починале двајца заболени од Тетово и од Скопје. Здравствените власти очекуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Починатото девојче од Лабуништа негативно на корона вирусот

Брисот земен посмртно од 14-годишното девојче од Лабуништа кое завчера почина бил негативен, т.е. не покажал присутен корона вирус. Девојчето завчера било донесено во тешка состојба со отежнато дишење и повраќање во струшката болница. Пред да биде донесено во болницата девојчето имало и температура. Лекарите од струшката болница ја испратиле директно во Ургентниот центар во […]

______________________________________________________________________________________________________

Награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници

Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил соопшти дека Владата предвидува награда од 20 проценти од основната плата за два месеца за здравствените работници. Тука, посочува Филипче, се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како и сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денар по литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,56 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот

ЈСП информира дека од денес(18.05.2020 год), јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, односно се укинува двосменскиот режим на сообраќање на возилата. Сите возила вклучени во јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници, ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Основниот граѓански суд Скопје од утре продолжуваат сите закажани судења

Основниот граѓански суд Скопје информира дека од утре ќе се одржат сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19. -Одлуката за постапување на судовите во Република Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Русковска потврди има предмет за Ден Дончев

Државната комисија за спречување корупција ќе отвори постапка за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев. Во јавноста се обелодени дека Дончев, додека ја вршел јавната функција, примил 50 илјади евра за консултантски услуги од австралиска фирма. „Ние проверивме во нашата евиденција и утврдивме дека тој нема пријавено дополнителни приходи. Работиме на случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Наместо 30 шефот на државата донесе одлука за нова вонредна состојба од 14 дена. Пендаровски тврди – ова е неопходно исклучиво за да се менаџираат економските и здравстествените ефекти од корона вирусот, а не заради изборен поткуп на гласачи или одредување на датумот за избори. Шефот на државата очекува владата во овој период постепено да […]

______________________________________________________________________________________________________

Казна до 49.000 евра или 3 години затвор за оние кои не носат маска во Катар

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека носењето на маски ќе биде задолжително од недела. Оние кои нема да го почитуваат тоа ќе бидат казнети со максимално 200.000 риали (49.000 евра), пренесе „Гардијан“. Прекршителите исто така би можеле да бидат затворени и до три години, се наведува во соопштението од Министерството на Твитер. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Продолжен рокот на патните исправи и возачките дозволи до 31 јули

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година. Имено, на 51-вата седница на Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се […]

______________________________________________________________________________________________________

Донација на судиите од Кривичниот суд во фондот за Ковид–19

Кривичниот суд, како што доликува на слоганот „Во името на граѓаните на РСМ“, од донациите на 48 судии, обезбеди 50 – тина плати , односно барем за еден месец спречи 50 – тина отпуштања на работници кои се најзасегнати од последиците поврзани со пандемијата од вирусот КОВИД – 19. Коко никогаш досега, со исклучок на […]

______________________________________________________________________________________________________

Словенија прогласи крај на епидемијата

Словенечката влада синоќа прогласи крај на епидемијата на коронавирус, со што Словенија е првата европска земја што го стори тоа. Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена. Сепак, бидејќи сè уште постои […]

______________________________________________________________________________________________________

Словенија го укина задолжителниот 14-дневен карантин

Словенците и граѓаните на другите земји членки на Европската унија нема повеќе да одат во 14-дневен карантин по влезот во земјата. Ова одлука, што беше на сила од средината на март, е укината за сите, освен за граѓаните од трети држави, односно за оние од државни кои не се дел од ЕУ. Во карантин нема […]

______________________________________________________________________________________________________

На возрасните над 67 и младите до 18 години им е дозволено движење од 5 до 19 часот

Сите граѓани имаат дозволено движење од 5 до 19 часот, вклучително и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години кои досега, покрај забраната од 19 до 5 часот, имаа ограничувања и во одделени периоди од денот. Измените и дополнувања на Одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба Владата ги […]

______________________________________________________________________________________________________

17 нови случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1