19/11/2019 16:55
•
Posted by: MK News
Српскиот претедател кој изминатиов викенд гопомина во болница се врати на работните обврски, па објави и фотографија која е малку невообичаена за него, но се чини дека сакаше да покаже дека се чувствува добро. Имено Вучиќ легнат на подот покрај својот Шарпланинец напиша дека се вратил на своите работни обврски. „Убав пречек утринава на работа! […]
______________________________________________________________________________________________________
19/11/2019 16:48
•
Posted by: MK News
Катица Јанева оди во куќен притвор. Вака денеска одлучи скопскиот апелационен суд, по жалбата на екс специјалната обвинителка, пренесува „Телма“. Инаку таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати. Сега Јанева оди во домашен притвор, но без гаранцијата. Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 22:01
•
Posted by: MK News
Семејството на Сонја Атанасова која исчезна утрово бара помош за нејзино наоѓање. Последен пат е видена во 9:00 часот утрово во центарот на Струмица. Сите оние кои имаат било какви информации да се јават на 070 347 684
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 19:13
•
Posted by: MK News
Авионот „фалкон“, во кој бил бугарскиот премиер Бојко Борисов, одвај слетал на аеродромот во Софија, јави бугарската агенција „Бгнес“. Според првичните информации, при првиот обид да слета на авионот на бугарската влада му пукнала гумата на тркалото за слетување, па пилотот морал да направи уште еден обид да слета и за тоа да примени процедура […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 19:11
•
Posted by: MK News
Во 14.00 часот во СВР Скопје, 53-годишниот Љ.Б. од Скопје пријавил дека околу 12 часот и 30 минути на улицата „Сава Михајлов“, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 19:08
•
Posted by: MK News
СВР Битола поднесе кривична пријава против 62-годишниот О.А. од Битола, хирург во Клиничка болница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На 20.04.2019 пријавениот извршл хируршка интервенција над С.П.(53) од Битола, која според исписната листа се водела на болничко лекување од осум дена, и покрај фактот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 19:05
•
Posted by: MK News
Застарува делото на поранешниот премиер Владо Бучковски во предметот „Тенковски делови“ за злоупотреба на функцијата при набавка на резервни делови за армиските тенкови, и тоа преку пресврт во судењето. -На денешното рочиште по предметот „Тенковски делови” јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната сепак […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 17:11
•
Posted by: MK News
Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден од највредните и најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја. Јордановки е роден на 25.02.1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во “ Никола Карев”. Беше директор на пионерскиот дом “Карпош” и секретар на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 17:09
•
Posted by: MK News
Бизнисменот Орце Камчев денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова, пренесува „Фокус“. Информацијата за „Фокус“ ја потврдила и шефицата Вилма Русковска, која рекла дека утринава ја парафирала кривичната пријава. Според напишаното во пријавата, Камчев […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 16:38
•
Posted by: MK News
Пратеничката Фросина Ременски потврди дека Обвинителството при претресот на нејзината куќа пронашло документи и порача дека истите се одземени на незаконит начин и дека не се поврзани со кривично дело, напиша Ременски на својот фејсбук профил. Потпретседателката на Собранието е осомничена во вториот дел од истрагата во случајот „Рекет“ со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 15:44
•
Posted by: MK News
Ѓорѓе Балашевиќ го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради влошување на здравствената состојба. Причината за тоа бил инфарктот што пејачот го доживеал, пренесува Блиц. Во моментов се наоѓа во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде што е хоспитализиран и му се вградени стентови. Српските медиуми неофиционално дознаваат дека пејачот се чувствува добро и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 14:49
•
Posted by: MK News
Обвинителството за организиран криминал ги потврди информациите на МКД.мк дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ Фросина Ременски за новата истрага за случајот Рекет се најдени доверливи документи, пишува МКД. ,,При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 14:41
•
Posted by: MK News
Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо, поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време за увид во доказите, за што, како што рече, наместо 8 дена од приемот на поканата, поминале 4 дена, пренесе „Макфакс“. Обвинителката Лидија Раичевиќ рече дека не може одбраната да се подготвува 4 дена […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 14:38
•
Posted by: MK News
По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се однесуваше на добивање концесија за изградба на хидроцентрали додека бил директор на ЕЛЕМ и советник на поранешниот премиер Никола Груевски, објави „Макфакс“. Антикорупционерите утврдија дека во случајот не постои судир на интереси бидејќи кога бил […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 13:00
•
Posted by: MK News
Шејла Ровел проговорила за своето страдање, откако нејзината 21- годишна ќерка отишла да си легне во кревет поради главоболка, а не сфатила дека добила смртоносен облик на менангистис. Џесика се вратила дома од фестивал на кој била со пријателите и претпоставила дека не се чувствува добро бидејќи претерала со забавата. Студентката заспала, но никогаш повеќе […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 12:32
•
Posted by: MK News
Славниот холивудски продуцент Бранко Лустиг почина вчера во Загреб на 87 години. Лустиг е маркантното продуцентско име во американската филмска индустрија роден во Осјек, Хрватска, поранешна Југославија во еврејско семејство и како дете, две години ги преживува ужасите на концентрациониот логор Аушвиц. Кариерата ја почнал во филмската куќа „Јадран филм“. Во САД заминува откако добива […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 12:14
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство и следната година ќе има за трошење 3,7 милиони евра, дознава ТВ 24. „Во предлог буџетот за следната година стои дека СЈО ќе има на располагање исто толку пари, како и оваа година, без разлика што обвинителите и предметите не се повеќе таму. Дури 1,2 милиони евра се предвидени за плати на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2019 12:03
•
Posted by: MK News
Познатиот актер Расел Кроу на Инстаграм објави дека не успеал ништо да спаси од пожарот што го зафати неговиот имот, лоциран на источниот брег на Австралија. Имот што изгоре, Кроу го купи кога одлучи од Холивуд да се пресели во Австалија. Тој е роден на Нов Зеланд, но неговото семејство се преселило во Австралија кога […]
______________________________________________________________________________________________________