Archive by Author

Новини во законот: Возачките ќе важат до 75 години – За голема бучава ќе ви се одземе возилото

Рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи се продолжува од 70 на 75 години, а се предвидува и мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и за возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци. […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието се распушта на 11 февруари – Џафери ќе распише избори

Собранието ќе се распушти на 11 февруари, а веднаш потоа собранискиот спикер Талат Џафери ќе распише предвремени избори. На крајот на месец декември треба да се избере техничката Влада, откако премиерот Зоран Заев до 3 јануари следната година треба да си поднесе оставка од премиерската позиција. По последната лидерска средба во Вила Водно, Заев најави […]

______________________________________________________________________________________________________

Сали Мурати нов претседател на Уставниот суд

Судијата Сали Мурати денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Судијата Мурати стапува на функција на 1 ноември 2019 година, кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот. Уставните судии претседателот го бираат со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии, со тајно гласање. Секој судија може да предложи […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев се извини за „мало сутра“

Премиерот Зоран Заев се извини за гестикулациите кои ги направи со фразата „мало сутра“ на партиската трибина во Прилеп додека зборуваше за тоа кој ќе победи на изборите во април 2020. – Ако некој сум повредил навистина се извинувам. Намерата ми беше да бидам многу природен и едноставен. Во секојдневието на нашите разговори јас се […]

______________________________________________________________________________________________________

2 годишната ќерка на познатиот пејач починала пред очите на родителите

Американскиот кантри пејач и композитор Нед ЛеДукс ги проживува најтешките моменти, откако неговата двегодишна ќерка Хевн трагично починала. Имено, девојчето се задушило во семејниот дом во северен Канзас. Нед и неговата сопруга Морган ја објавиле тажната вест на социјалните мрежи. -Нед и Морган со голема тага ги информираат пријателите и обожавателите дека нивната двегодишна ќерка […]

______________________________________________________________________________________________________

Игор Спасов избегал од државата – се бара со меѓународна потерница

Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, специјалецот Игор Спасов од поладнево се бара со меѓународна потерница. Штипскиот суд ја распиша потерницата откако полицијата не можела да го пронајде во границите на Македонија. Спасов поради здравствени причини доби прекин на казната летото 2018 година. Прекинот се продолжуваше неколку пати, па тој пред десетина требаше да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Војската со хеликоптери Ми-17 вклучена во гасење на пожарот на Стара планина

Припадници на копнената војска и хеликоптер Ми-17 на Воздухопловните сили се обидуваат да го изгаснат големиот шумски пожар на Стара планина и националниот парк Рила, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија. Во напорите за гасење на пожарот се вклучија и 21 припадник на воената единица за реагирање при елементарни непогоди. Главниот комесар Николај Николов, раководител […]

______________________________________________________________________________________________________

Амди Бајрам: Титаник пропадна, преминав на друг брод и на избори одам со СДСМ

Пратеникот Амди Бајрам од партијата Сојуз на Ромите ги демантираше шпекулациите дека преговара за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и најави дека на парламентарните избори на 12 април 2020 ќе настапи во коалиција со СДСМ. – Сакам да се изјаснам заради некои шпекулации дека јас преговарам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е чиста лага. Ниту преговарам ниту имам нешто. […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонци и Швајцарци обвинети за регрутирање борци на ИД

Швајцарското Јавно обвинителство покрена обвиненија против две лица, од кои едниот државјанин на Швајцарија и Македонија, под сомнеж за регрутирање борци во редовите на џихадистичката група Исламска држава (ИД). Јавното обвинителство на Швајцарија соопшти дека двајцата осомничени се товарат за „поддршка и членство“ во ИД, вклучително и за ширење на пропаганда на џихадистичката група. Осомничените, […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Доаѓаат избори и модерно е да се протестира, но треба да бидеме разумни

По најавите од Независниот синдикат на Клинички центар за протести доколку не се исполни ветувањето за плата од 100 илјади денари на специјалистите премиерот Зоран Заев денеска им предложи тие да ги продолжат разговорите со министерот за здравство и со директорот на Фондот за здравствено осигурување. Ќе се најдат, изјави Заев, ресурси за да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Возачот на камионот во кој загинаа 39 лица на суд не покажал никаква емоција

Возачот на камионот со замрзнувач Морис Роинсон, кој е обвинет за смртаа на 39. луѓе во Англија, испитуван во суд. Робинсон бил испуван преку видеолинк од притвор. Додека му се читале 43. точки од тужбата една по една, обвинетиот не покажал никаква емоција, пишува Дејли Меил. Тој е обвинет за смрт на 39. лица, а […]

______________________________________________________________________________________________________

3 месеци брак со Багдади – исповед на сопругата на лидерот на Исламската држава (Видео)

Лидерот на Исламската држава Абу Бакир ал-Багдади беше убиен викендов, а покрај него усмртени биле и две жени кои носеле елеци со експлозив, но кои не експлодирале, како и три деца. Овие терористи долго биле барани, а американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека воената операција во која бил убиен лидерот на ИД е позначајна од […]

______________________________________________________________________________________________________

Евакуирани Арнолд Шварценегер и Леброн Џејмс

Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер и кошаркарската ѕвезда од ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс се евакуирани поради пожарите кои беснеат во Калифорнија и Лос Анџелес. Повеќе од милион домови и деловни објекти се останати без струја откако вчераутро изби голем поажр во близина на музејот Гети во Лос Анџелес. На илјадници лица, од некои од најбогатите квартови […]

______________________________________________________________________________________________________

Тужба против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за клевета од Државниот завод за статистика

Во врска со изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата одржана на 25.10.2019 година, дека Државниот завод за статистика фабрикува извештаи по нарачка на Владата, директорот на Државниот завод за статистика изјавува дека во целост ги отфрла и демантира изјавите и шпекулациите на Мицкоски како неточни, велат во соопштение од Државниот завод за […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Очекувам МВР набргу да дознае каде е Игор Спасов

Премиерот, Зоран Заев, денеска на отворањето на реновираниот дел од Клиниката за гастроентерохепатологија изјави дека очекува наскоро истрагата за бегството на осудениот Игор Спасов да го пронајде поранешниот полициски специјалец осуден за убиството на Мартин Нешковски. Штипскиот суд во меѓувреме распиша национална потерница за Спасов, кој по привремениот отпуст поради лекување не се врати во […]

______________________________________________________________________________________________________

КОД: Кај Катица Јанева пронајдена чанта Луј Витон на која со злато се изгравирани нејзините иницијали

Според извори од истрагата за случајот Рекет од кај Катица Јанева покрај аголната гарнитура се одземени три телефони Ајфон со три сим картички, усб уреди, компјутери, лап топи и меѓу другото и една чанта Луј Витон на која со злато се изгравирани нејзините иницијали КЈ. До овие информации дојде екипата на КОД. За вештачењето на апаратите […]

______________________________________________________________________________________________________

Неделава оглас за вградување плински уреди во возилата- „Прв дојден, прв услужен“

Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарско прашање во Владата, министерот Бектеши рече дека јавноста дополнително ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Верушевски бара 70.000 евра од државата за деновите во притвор

За 344 дена поминати неосновано во притвор за измислениот случај „Пуч“ со наводни странски служби и жолти комбиња, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски бара отштета од државата по судски пат, пренесе СДК.МК. Зоран Верушевски бара вкупно 71.000 евра за секој ден поминат во притвор.Тој во 2015 година, откако почнаа да се објавуваат бомбите, беше […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1