Archive by Author

Гром изгоре 45.000 буриња со виски на познатиот Џим Бим

Гром предизвика пожар во складиштето на познатиот производител на бурбон во Кентаки. Во пожарот производителот Џим Бим загубил 45.000 буриња со младо виски, односно ставено во бурињата на зреење. Од компанијата велат дека на пазарот нема да се почувствува каков било проблем. Меѓутоа, локалните власти јавуваат за можни последици по околината затоа што се мета […]

______________________________________________________________________________________________________

До петок ќе биде познат статусот на Охрид во УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 43 сесија што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку, ја отвори расправата за состојбата на светското културно и природно наследство на Охридскиот регион и предлогот тој да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност. Македонската делегација бара да не се носи таква одлука, односно […]

______________________________________________________________________________________________________

СЛУЧАЈ „ТРЕВНИК“ Латас и браќата ослободени за случајот со викендичките

Судскиот совет донесе одлука во судскиот предмет на СЈО Тревник, според која ги ослободува Драган Павловиќ Латас и неговите браќа од обвинението според кое се товареа за нелегална градба. Од СЈО бараа судот да ги осуди браќата Павловиќ за бесправно градење и да им ги одземе викендичките.

______________________________________________________________________________________________________

Влада: При изведбата на химната беше направена ненамерна грешка

Во врска со интонирањето на македонската химна вчера во Американската амбасада во Скопје од страна на Тамара Тодевска во која беа изоставени стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански од Владата со реакција дека станува збор за ненамерна грешка. „Владата го честита националниот празник Ден на независноста на […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР го демантира Мицкоски дека е следен и оти се подготвува негово апсење

Министерството за внатрешни работи го демантира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој во интервју за ТВ Алфа изјави дека дека полициски службеници го следат од политички мотиви и подготвуваат негово апсење. – Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чиј претседател е Мицкоски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Да се зборува за провизии на состанок со осум лица е далеку од нормална свест

Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во врска со случајот М-НАВ постапил согласно своите надлежности и по налог на Владата. Ја извршувал работната обврска со цел, како што напомена Заев, да се забрза постапката и да се реализира проект кој бил почнат, но не и завршен. Да се зборува […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски ја потпиша одлуката за преименување на АРМ во АРСМ

Армија на Република Северна Македонија е новото име на македонската војска. Претседателот Пендаровски информираше вчера ја потпишал одлука за преименување. Тоа значи дека во наредниот период Армијата ќе треба да набави униформи со новото име. Во однос на иницијативата за изменување на Изборниот законик Пендаровски рече дека тој нема надлежност да одлучува туку тоа е […]

______________________________________________________________________________________________________

Радио Кавадарци: Песните на Тамара ни се избришаа, се извинуваме што нема да ги емитуваме!

По извинувањето на Тамара за тоа што при синоќешната изведба на химната на Македонија при прославата во американската амбасадата ги изостави Гоце, Даме, Јане…, и објаснувањето од амбасадата дека „ненамерни грешки се случуваат“, со извинување се огласи и сопственичката и управител на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова, која на ФБ напиша: „Сите песни што ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Амбасада на САД: Во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки

Амбасадата на САД во Скопје и се извинува на македонската јавност за пропустот со изведувањето на химната на Македонија, откако Тамара Тодевска не ја испеа строфата во која се споменуваат Гоце Делчев и другите национални херои. „САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Грешката на Тамара не е намерна – химната се пее секој ден и секаде

Премиерот Заев вели дека грешката на Тамара при вчерашниот настап на прославата на 4ти јули во американската амбасада во Скопје, е ненамерна. „Нашата ѕвезда се извини на Фејсбук, амбасадата на САД исто. Тоа е пропуст. Химната се пее секој ден и секаде. Тоа потврдува дека е ненамерна грешка“, рече премиерот Зоран Заев. Тамара вчера на […]

______________________________________________________________________________________________________

По вчерашниот пропуст при пеењето на химната Тамара се огласи на Фејсбук

Синоќа во амбасадата на САД во Скопје се одржа свечен прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. На приемот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени. Нашата поп пејачка ја изведе македонската национална химна, но за време на интонирањето, случајно […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев ја оцени како глупост изјавата на Мицкоски дека е следен и оти ќе биде уапсен

Никој не се надеваше дека толкави глупости може да се кажат. Ако се бориме за правна држава, треба да оставиме правните процеси да течат, рече денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го вчерашното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое тој вели дека е следен од полицијата и оти очекува покрај останатите припадници на […]

______________________________________________________________________________________________________

„Фејсбук“ се справи со проблемот при споделување медиа-фајлови

Фејсбук соопшти дека споделувањето медиа-фајлови во негови платформи е решен. Корисниците на услугите на компанијата констатираа дека не можат да испраќаат и да добиваат фотографии, видео-клипови и други фајлови на ФБ,Ватсап и на Инстаграм. – За време на рутинска операција за поддршка е создаден проблем од наша страна, и тоа е причина што некои корисници […]

______________________________________________________________________________________________________

Поднесени обвиненија за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ во која 16 лица го загубија животот, а вкупно 38 патници се здобиja со тешки телесни и телесни повреди. -Во временскиот период […]

______________________________________________________________________________________________________

30 дена во притвор за осумте лица кои беа уапсени во петокот

Кривичниот суд Скопје на денешната седница ги отфлри жалбите по изречената мерка притвор за осум лица кои беа приведени во петокот под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата за несовесно работење во службата. -Постапувајќи по жалби од осум лица, осомничени од Јавното обвинителство за кривичното дело Злоупотреба на службената […]

______________________________________________________________________________________________________

Mајката на Пино, поднесе тужба против МВР

Пино Секондо, момчето кое беше исчезнато шест месеци и убиено на свиреп начин, беше пронајдено пред околу 30-тина дена во атарот на Љуботен. Неговата мајка, Маја Трпковска, семејството и блиските пријатели беа во потрага целото време, но за жал случајот заврши трагично. Додека Маја трагаше по своето исчезнато дете, во секторот за потраги и исчезнати […]

______________________________________________________________________________________________________

Спречен терористички напад во Сиднеј, уапсени три лица

Австралиската полиција уапси три лица под сомневање дека инспирирани од ИД планирале напад врз цели во Сиднеј, вклучувајќи згради на полицијата и одбраната, судови, цркви и дипломатски мисии. Помошникот комесар на австралиската федерална полиција, Јан Мекартни, рече дека првоосомничениот (23) се очекува да биде обвинет за подготовка на терористички напад и подготовка за заминување во […]

______________________________________________________________________________________________________

ДЕТАЛИ: Десетина вагони излизгани на пругата кај Куманово, сообраќајот во прекин

Повеќе од десетина вагони од товарниот воз што сообраќал на релација железничка станица Куманово-Романовце излетале од шините во близина на селото Черкези, кумановско, утрово во 01:50 часот, информираше во соопштение Министерството за внатрешни работи. Нема повредени лица, причинета е материјална штета, а поради несреќата железничкиот сообраќај е во прекин. Вагоните се превртени на едната страна, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1