Archive by Author

Придружниот вокал на дуото „ДНК“, Сара Пројковска е меѓу загинатите во пожарот во Кочани

Во соопштението од Факултетот за музичка уметност во Скопје на социјалните мрежи се вели „Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица …“ Сара Пројковска беше придружен вокал на дуото […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Се што имаме веднаш на располагање, секунда да не чекаат – ден на жалост во Србија поради трагедијата во Кочани

На денешната владина седница во Србија се одржа минута молчење за настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани. „Ги замолувам сите присутни со минута молк да оддадеме почит на трагично загинатите во Македонија во градот Кочани. Тоа е трагедија од неверојатни размери за цел Балкан. За прекрасната, пријателска, братска Македонија. Тоа е трагедија од неверојатни […]

______________________________________________________________________________________________________

ЗАГИНА МУЗИЧАРОТ ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ Беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип

Меѓу загинатите во големата несреќа во дискотеката во Кочани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски. Стевановски на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЗАГИНА ФОТОГРАФОТ АЛЕКСАНДАР ЕФРЕМОВ

Во трагедијата во кочанската дискотека, меѓу загинатите, е и Александар Ефремов, талентиран, млад фотограф од Штип.Ефремов кој ги следел настапите на групата ДНК низ Македонија. Неговите пријатели, меѓу кои и пејачката Антониа Гиговска, во неверување, се простуваат од него преку социјалните мрежи.

______________________________________________________________________________________________________

Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на починатите

Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот, изјави денеска директорот на КБ Штип, Владко Захариев. Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен. Во Клиничката болница во Штип згрижени се 39 […]

______________________________________________________________________________________________________

Фудбалерот Андреј Лазаров подлегна на повредите – спасуваjќи животи, се задушил од чадот!

Андреј Лазаров, членот на ФК Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница по синоќешниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Скопскиот тим претходно објави дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров подлегнал на повредите, заради изгореници и вдишување на чад. Имаше 25-години. Од редовите на Шкупи ја потврдија трагичната […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец на должност загина во пожарот во дискотеката во Кочани

Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициски службеник од ПС Пробиштип, кој во моментот бил службено ангажиран, односно постапувал по претходно изготвен план за контрола на угостителски објекти во делот на недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници во дискотеката, во која изби пожарот. -Искрено сочувство до неговите […]

______________________________________________________________________________________________________

Дискотеката во Кочани имала лиценца за работа до 24-ти март

До 24 март важела лиценцата на приватната дискотека во Кочани, во која рано утрото искри од употребени пиротехнички средства го зафатиле таванот кој бил од лесно запалив материјал и предизвикале пожар во кој загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Според информациите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се менувале сопствениците, но приведениот актуелен сопственик, […]

______________________________________________________________________________________________________

Повеќето жртви се од 14 до 24 години – директорката на кочанската болница со вознемирувачки информации

Директорката на директорката на болницата во Кочани, Кристина Серафимова даде првична изјава по трагедијата која се случила ноќеска во ноќниот клуб.Таа вели дека првиот повик го добила во 2:48 часот, и болницата била веднаш мобилизирана. „Првиот повик беше во 2:48 часот. Се мобилизираше цела болница, и почнаа да ги носат првите пациенти. Бидејќи имавме помал […]

______________________________________________________________________________________________________

Во пожарот во Кочани загина 24 годишниот тапанар на ДНК Горги Горгиев

Младиот струмичанец Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која синоќа настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е меѓу загинатите. Веста ја потврди братот Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Инаку, како што претходно објави МИА, Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗ: 18 лица се во критична состојба по пожарот во дискотеката во Кочани

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. На Детска […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: целосно сме мобилизирани да им помогнеме на семејствата

Премиерот Мицкоски се огласи на социјалните мрежи по големата трагедија во Кочани. „Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока […]

______________________________________________________________________________________________________

Список на пренесени повредени во Скопје, и Панчо е меѓу нив – Таравари: „Даваме се да спасиме што повеќе животи“

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција информираше дека вкупно 118 лица се хоспитализирани во различни болнички капацитети по трагедијата во Кочани. Тој нагласи дека сите пациенти добиваат неопходна медицинска грижа и дека здравствениот систем е целосно мобилизиран. „Нема пациент кој не е згрижен, сите капацитети се ставени во функција. Ќе дадеме сè од […]

______________________________________________________________________________________________________

51 ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО КОЧАНИ -118 повредени сите се згрижени

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски рече дека околу 2:35 часот во полициската станица била добиена информација дека во дискотеката „Пулс“ избувнал.  Тој рече дека полицијата ги известила пожарната и итната медицинска служба. „Според првичните […]

______________________________________________________________________________________________________

АПЕЛ за препознавање – Овие деца биле на трагичниот концерт, нивните семјества не знаат што е со нив

АПЕЛ за препознавање Овие три деца биле на трагичниот концерт. Нивните семјества не знаат што е со нив и во која болница се. Бараат итно било каква информација, објави Телевизија Стар. На социјалните мрежи се објавуваат повеќе фотографии од млади луѓе за кои семејствата немаат информации и молат за помош.

______________________________________________________________________________________________________

(ВOЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Снимено од очевидци КАКО ИЗБИЛ ПОЖАРОТ во Кочани

Телевизија СТАР објави видео снимено од присутни во дискотеката во моментот на настанување на пожарот. Снимки од кобниот настан со употребените пиротехнички средства кои предизвикаа пожар во кочанската дискотека Пулс ноќеска во 3 часот по полноќ Полицијата ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани […]

______________________________________________________________________________________________________

Амбулантни возила пренесуваат уште повредени – роднините пред ГОБ „8 Септември“

Екипата на ТВ 21 која е на пат накај Кочани јавува дека забележале повеќе амбулантни возила упатени кон Скопје. Според информациите дел од повредените биле згрижени во штипската болница, но дел биле итно пренесени во Скопје. Слободен Печат јавува дека десетици роднини на повредените во пожарот што ноќеска изби во дискотеката „Пулс“ се наоѓаат пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Најмалку 50 загинати во дискотеката во Кочани – Полицијата ги приведува сите лица поврзани со настанот

Најмалку 50 луѓе се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт, потврдија од МВР за МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информаци. Кон Кочани се упати и премиерот Христијан Мицкоски. Според неофицијални информации полицијата ги приведува […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1