19/12/2013 19:30
•
Posted by: MK News
Овој рецепт е по препорака на популарниот Др. Оз. Имено, докторот советува дека овој одличен и топол напиток е одличен за пред спиење, односно за добар сон. Може да додадете лажица цимет, лажичка мед или малку ванилен шеќер ( само едно од нив). Чајот во комбинација со било кој од овие додатоци има фантастичен вкус […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 15:00
•
Posted by: MK News
Мерењата на Министерството за животна средина од осум часот утрово покажуваат многу високо ниво на концентрација на ПМ10 кај мерните станици за Центар и Ректорат. Високо ниво има и во Карпош и Лисиче. Во Центар и Ректорат концентрацијата е над 180 микрограми ПМ10 на метар кубен. Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 14:30
•
Posted by: MK News
Улиците и автомобилите вчера беа целосно забелени од тенка покривка која наликуваше на снег. Се работи за врнежи се интересна комбинација од маглата и честичките кои ни го загадуваат воздухот, пренесе Метеопро. Честичките потоа имаат улога на т.н. јадра на кондензација. На овие јадра се нафаќаат и мрзнат ситните капки на вода од кои е составена маглата. […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 14:00
•
Posted by: MK News
Откако им се израдува на доаѓањето на празниците на Фејсбук, постирајќи фотографија како му седи во скут на црномурестото момче, овој пат Ноне седна во скут кај најпопуларната личност во овој период од годината – Дедо Мраз. Фотографијата која ви ја пренесуваме е секако е фотомонтажа, но добра можност да се насмееме во овие тмурни […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 13:45
•
Posted by: MK News
Се верува дека Никола бил роден околу 280 г.н.е. во Патара, во близина на Мира, во денешна Турција. Бил многу почитуван заради неговата хуманост и добродетелство, па Свети Никола станал присутен во многу легенди. Се вели дека го раздал сето свое наследено богатство и патувал низ земјите помагајќи им на сиромашните и болните. Една од […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 13:29
•
Posted by: MK News
Водителката Лила Филиповска одлучила по трет пат да застане на лудиот камен бидејќи веќе се презаситила од ноќниот живот. Нејзиниот пријател, водителот Дамјан Дренковски вчера вечерта на нејзиниот Фејсбук профил објави фотографија од нивниот разговор каде таа вели дека ќе се мажи бидејќи и е здодевно во град,
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 13:00
•
Posted by: MK News
И оваа година Владата не дозволува прослави за Нова Година на трошок на буџетот и граѓаните. Одлуката за скратување на луксузирањето Владата ја има донесено на седница и таа веќе е испратена до буџетските корисници. -Во пресрет на претстојните новогодишни празници Владата на Република Македонија одлучи и оваа година да продолжи да важи мерката со […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Ниту зголемениот број семафори на булеварот Партизански одреди не помага да се намалат уличните трки. Нѐ будат од сон, се вадиме од памет. Еве вчера, околу три часот, силна бучава од мотори нѐ разбуди. Мислевме којзнае што се случило, раскажуваат жители од овој дел на Скопје, кои веќе години наназад немаат мир од учесниците на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 12:45
•
Posted by: MK News
Аркан преговарал со хашките обвинители и требало да биде сведок, можеби затоа е и убиен, се тврди во новиот документарец на новинар кого Аркан прв го нападнал, му се заканувал со смрт и му ги броел деновите на живот кои му остануваат. Очигледно е дека Жељко Ражњатовиќ бил во контакт со Хашкиот трибунал и дал […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 12:24
•
Posted by: MK News
Изутринава нема ниту полетувања, ниту слетувања на аеродромот „Александар Велики“. Авионскиот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“, кој од вчера е во застој поради временските услови, се очекува да се нормализира од денеска напладне. Од Аеродромот потврдуваат дека ќе слета авионот од Дубаи. Утрово нема ниту полетувања ниту слетувања. Откажани се летовите кон Загреб и Истанбул. […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 12:15
•
Posted by: MK News
Facebook започна да ги тестира видео рекламите кои ќе се прикажуваат помеѓу останатите постови. Имено, новите видео реклами ќе стартуваат автоматски додека се прелистува фидот за вести, без звук се додека не кликнете на видеото. Од компанијата надеваат дека овој новитет ќе им овозможи да добијат дел од 67-те милијарди долари, колку што компаниите оваа […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 12:13
•
Posted by: MK News
Српската глумица Ружица Сокиќ почина данеска во Белград, во 79-тата година, соопшти нејзината матична куќа, Атеље 212. Кариерата ја почнала во 1957 година во филмот „Доктор”, потоа играла во филмовите „Кога ќе бидам мртов и бел”, „Ужичка република” и други. Комедијата „Тесна кожа” и донесе најголема популарност и улогата на сопругата на Пантиќ Лани и […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 12:00
•
Posted by: MK News
Во индискиот град Бекалу се случи страшна несреќа при отворање на нов стадион. Во моментот на несреќата, публиката ја забавувало босоного момче со фудбалска топка, а по рушењето на трибината, на стадионот настанал целосен хаос. Според полициските извештаи, трибината била направена од скелиња и штици, а темелите биле ставени во каллива земја. Повеќе од 100 […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 11:45
•
Posted by: MK News
Трагедијата во Голема Кришна ја шокираше цела Србија . Поради небрежност на мајката Мирела Микулчиќ ( 29 ) , која ги заклучила трите мали дечиња и заминала во град – загинаа Ненад четири, три годишниот Димитрије и две годишната Маја . Дечињата починаа во страшна агонија – ги проголта оганот додека биле заклучени и не […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Рекорден род, голем интерес за откуп и полни џебови со пари е најкусиот приказ за костенопроизвоството во Дебарско годинава. Дебарското подрачје има околу 280 хектари насади со костен од каде што повеќе од 250 семејства собраа над 400 тони. Kостенот најмногу го има во пограничните села Kоњаре, Бомово, Селокуќи, Џепиште, Отишани, како и во селото […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Српските медиуми објавија вест за детенце од Сремска Митровица која буквално го разнежува секое срце и притоа не тера да се прашаме каде оди човештвото. – Пред еден маркет од пред два дена забележав како на ова студено време на ладниот бетон седи дете бескуќник на парче картон. Облечено во стара искината јакна, а во […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 10:45
•
Posted by: MK News
В сабота во 12 часот на плоштад Македонија во Скопје ќе се одржи Марш со гас-маски против загадувањето, во организација на организацијата „Биде Зелен“ (Go Green). Од невладината велат дека главни извори на загадувањето кое осум дена владее во Скопје и во неколку други градови се фабриките кои не работат во согласност со А интегрираната […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Педофил од Тајланд е уапсен и на полицијата и признал дека освен девојчето што го силувал, убил уште десет деца. Тајланѓанецот, за кој во медиумите е објавено дека името му е Нуи, грабнал, силувал и убил шестгодишно девојче по што, врз основа на снимки од безбедносни камери, бил уапсен и признал дека тоа не му […]
______________________________________________________________________________________________________