14/10/2013 09:37
•
Posted by: MK News
Водечкиот нискобуџетен авиопревозник од Турција „Пегасус“ нуди цени за билет почнувајќи од само 39,99 евра, вклучувајќи такси и трошоци, а притоа и натаму ја проширува својата мрежа на летови. Со оваа поволна понуда, патниците што патуваат со „Пегасус“ до Истанбул од Атина, Белград, Босна, Букурешт, Приштина, Скопје и од Тирана ќе можат и да се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Дваесет и двегодишниот Мемиш Гарп од Пробиштип три години е без покрив над главата. Тој е дете без родители, но судбината за многу кратко време го оставила и без дедо и без баба кои, по смртта на родителите, останале да се грижат за него. Гарп имал спокојно детство во нивниот дом до пред седум години, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 09:13
•
Posted by: MK News
Македонија ќе бара од Албанија сите украдени икони кои беа откриени во полициската акција во Тирана да бидат вратени назад, бидејќи станува збор за национално богатство. Но се уште немаат прецизна бројка колку икони најдени во Тирана потекнуваат од Македонија. Албанската полиција во три стана во Тирана откри 1.077 икони и уапси две лица, Арбен Спахо […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Според истражувањата на универзитетот од Хаваи, животот во Скопје во 2049 ќе биде невозможен заради астрономско високите температури кои ќе го зафатат целото поднебје. Презагадена ќе биде и Подгорица, каде условите за живот ќе бидат невозможни во 2048, следи нашиот главен град, потоа Љубљана, Сараево и Загреб, за на крајот во 2054 и Белград да […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Општина Вевчани писмено ја предупреди Агенцијата за државни патишта да ја отстрани патоказната таблa која е поставена на патниот правец Струга-Дебар на која името Вевчани освен на македонски и англиски е напишано и на албански јазик, објави А1 он. – Општина Вевчани реагираше веднаш до Агенција за државни патишта за поставените сообраќајни патокази на кои […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Во вторник, кога се очекува претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ да се врати во Македонија и да биде приведен, СДСМ најверојатно ќе организира протести. Ова било решено на вчерашната седница на раководството на СДСМ. Градоначалниците од опозицијата нема да го напуштат ЗЕЛС но ќе ја замрзнат работата во ова тело а СДСМ ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 08:15
•
Posted by: MK News
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј – Штип ги завршија археолошките истражувања на локалитетот Тополничка река кај Радовиш. Археолозите наидоа на мошне значајни артефакти, меѓу кои и остатоци од антички храм со две простории и влез од источната страна, како и повеќе мермерни фигури, торза, камени икони и мермерни плочи со […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2013 08:00
•
Posted by: MK News
На неколку крстосници во Скопје почна и ќе трае до 18 октомври , калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот, поради што е можно да има застој во сообраќајот како и нарушување на зелените бранови. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање додека се врши калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот и да […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 21:59
•
Posted by: MK News
Вино и свинско му го качија притисокот на гостин од Македонска Каменица. Го спасуваа лекари откако со возило на Брза помош доцна синоќа од еден од штандовите на Патсрмалијадата е пренесен во Штипската болница. Лекарскиот преглед кај 48-годишниот Мијалче И. од Каменица констатирал висока вредност на крвниот притисок од 190/130 по што на него итно […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 21:56
•
Posted by: MK News
Комарџии завршија во штипската болница. Губитникот на 600 евра им наплатил за сите пари. Инцидентот кој синоќа им отори работа на штипските хирурзи се случил на автобуската станица во Радовиш, место каде тамошни комарџии често се собирале за комар. Двајцата добро уиграни партнери со иницијали К.Л. и С.А. на возраст од 40 и 42 години, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 21:35
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 19:15 часот на патот Штип – Коачни. Се судриле комбајн, возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки и „рено меган“ со кочански таблички. 9 лица се повредени од кои двајца потешко и се пренесени во ургентниот центар во Скопје. На местото на несреќата во тек е увид. Сообраќајот е пренасочен преку село Борилчево.
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 21:30
•
Posted by: MK News
Затворска казна за палење на државното знаме по спортските терени. МВР предлага измени во законската регулатива со кои ќе се спречи насилното однесување и инцидентите пред, за време и по спортските натпревари. Без лична карта љубителите на спортот нема да може да купат билет за да го следат натпреварот во живо. Клубовите пак ќе треба […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 20:31
•
Posted by: MK News
Поради неемитувањето на директниот пренос на фестивалот за забавни мелодии ”Макфест”, во текот на следната недела во Македонската телевизија ќе се делат откази, пишува во утрешното издание дневниот весник “Вест”. Иако тие како медиум се извинија за техничките проблеми кои “случајно” започнаа пред вчерашното директно вклучување во Домот на културата во Штип, сепак тоа не е […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 18:31
•
Posted by: MK News
Рудолф Бројс е натуропат кој развил метода против рак- терапевтско гладување позната како „Тотална терапија”. Тој е автор на книгата „Рак, леукемија и други навидум неизлечиви болести“. Во книгата наведува дека со неговиот метод до 1980 година излечил повеќе од 40.000 болни од рак и други сериозни болести. За Бројс, ракот е самостојна творба внатре […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 18:14
•
Posted by: MK News
Димче Јолески (57) од Прилеп живее со инвалидска пензија од 6.700 денари. Вели овие пари не му се доволни за лекување и живот со својата сопруга, која не е вработена.Неговата сторија ја пренесува телевизија Телма. Откако ја повредил ногата во јуни годинава, му останал тутунот на нива. Тој не може да се движи, бидејќи скршеницата не […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 17:38
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија утре ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Претпладне со слаба магла по котлините, а попладне и кон крајот на денот ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, посебно во северниот дел на земјата. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 18 до […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 17:36
•
Posted by: MK News
На два дена пред Mакфест, поп пеачката Емилија Цветковска Вало од македонската групата Ред Гарден доживеала инцидент со нејзиниот менаџер, јавува Либертас. Изворите на Либертас тврдат дека Емилија и нејзината мајка Марта решиле да го откачат нејзиниот менаџер Ненад Лазаревиќ, кој според нив и вршел притисок, а наводно и ја следел и мајката која на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2013 16:45
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика ќе воведува лиценци во државните институции кои воспитуваат деца но, и за приватните граѓани кои чуваат деца.Сите оние што се занимаваат со чување деца, од претшколска возраст,односно што земаат пари за тоа, ќе треба да полагаат за лиценци. Лиценцирањето ќе се спроведува преку проверка на примената на стручното знаење […]
______________________________________________________________________________________________________