Archive by Author

Vatican News го додаде македонскиот јазик како 34-ти на својот портал

Точно еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на Република Северна Македонија, закажана за 7 мај, Vaтican News го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на страниците на овој портал, наведе Vatican News. Католиците кои живеат во Република Северна Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата […]

______________________________________________________________________________________________________

Се подготвуваат новите 500-денарки со „ Северна“ – еве кога ќе бидат во оптек

Од почетокот на 2020 година на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив. Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек нема да создаде дополнителен трошок и ќе се прави на редовна основа, но […]

______________________________________________________________________________________________________

По втор пат намалена казната за возачот кој ја прегази Фросина кај Универзална

Апелациониот суд ја намали казната на 3 години затвор за 29-годишниот Љубиша Видојковиќ, кој во април 2015 година, на пешачки премин кај Универзална сала ја прегази студентката Фросина, пренесува Телма. Првично, Кривичен суд го осуди на 6 и пол години затвор, но Апелација го врати процесот и ја поништи пресудата. На второто судење Видојковиќ беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Името на арената „Филип Втори“ заминува во историјата- новото име е „Тоше Проески“

Утрово на редовната 129 седница на македонската влада, била донесена одлука за преименување на скопскиот стадион во Национална арена „Тоше Проески“, соопшти на „Твитер“ портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Тој додаде дека преименувањето на арената е во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја.

______________________________________________________________________________________________________

Дескоска: Нема законска можност за помилувања од Иванов

Постапка за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, од каде, како што велат досега не се стигнати барања за помилувања на осудени лица за настаните во Собранието од 27-ми април 2017 година. Министерката за правда Рената Тренеска-Дескоска вели дека нема законска можност да се води постапка за помилување од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Апсење на „Партизанска“ во Скопје

Полицијата вчера апсеше среде Скопје, во автомобил марка Мерцедес пронајдено оружје. Како што стои во билтенот на МВр, вчера околу 23:40 часот на булевар „Партизански одреди“, при преглед на патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол со една рамка со пет куршуми калибар 9мм, што ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Реџепи: Македонскиот народ е див, затоа немаат идентитет и никогаш нема да го имаат

Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш  нема да го имаат…”, изјави реис Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија. Церемонијата се одржала на 14 март, а на својот […]

______________________________________________________________________________________________________

Во 82 избирачки места нема да се гласа на претстојните избори

Државната изборна комисија нема да организира гласање во избирачки места со помалку од 10 избирачи. На денешната седница, ДИК објави дека во државата има 82 избирачки места распоредени во 28 општински изборни комисии каде запишаните избирачи нема да можат да го остварат своето право на избор во местото на живеење. Сепак, од ДИК велат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Му нудев влез на Мицкоски во Владата но не како што измислува

Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за битолската ТВ ТЕРА рече дека на лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски му понудил учество во техничка влада со цел заеднички да се поддржи Преспанскиот договор, но не на тој начин како што тоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го објави. – Тоа не е така, тоа не е […]

______________________________________________________________________________________________________

Драмски Театар: Остана огромна празнина без Беличанец

Драмскиот Театар Скопје со тага се прости од Билјана Беличанец Алексиќ која беше една од нивните најдобри и најталентирани актерки. – Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир, напишаа од Драмски.

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски за Беличанец: Луѓето кои оставаат трага не умираат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска на Фејсбук се прости со Билјана Беличанец Алексиќ. – Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат. Почивај во мир Билјана, напиша тој. Актерката беше пронајдена мртва во својот дом синоќа, извршен е увид, а телото е на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Телото на Беличанец на обдукција – Извршен увид во станот каде се самоубила

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа изврши увид на лице место во стан во Скопје, каде беше пронајдено починато женско лице. Безживотното тело на починатата го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата. Телото на починатата е […]

______________________________________________________________________________________________________

Бескрајно ќе ни недостауваш – колегите се простија од актерката Билјана Беличанец

Многумина од нејзините колеги се простуваат од неа преку социјалните мрежи, а очигледно Беличанец ќе остане запаметена пред се како добар човек, а потоа и како актерка, мајка, сопруга. Нејзиниот колега Драган Спасов – Дац се прости со многу емотивна порака. Тој го напиша следното: За Беличанев последно збогум напиша и актерката Јелена Жугиќ. И […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е Благовештение

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали за смртта на актерката Билјана Беличанец

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје. МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Река: Јас сум независен кандидат, за поздравување е што ме поддржаа двете партии

Кандидатот за претседател, Блерим Река во вечерашната дебата на Телма рече дека и покрај тоа што е поддржан од Алијансата на Албанците и Беса, тој е независен кандидат. -Многу јасно и гласно кажав дека ќе бидам независен кога се кандидирав. Тоа што двете партии ме поддржаа е за поздравување, тие поддржаа независен кандидат. Кога видов […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски до Силјановска: Како ќе постигнете подобар договор, кој ќе е ратификуван и во Грција

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во вечерашната дебата на телевизија Телма ја праша противкандидатката Гордана Силјановска Давкова како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент. -Не ми е јасно како Силјановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска Давкова: Пред меѓународниот суд во Хаг ќе оспорам одредби од Преспанскиот договор

На првата претседателска дебата на Телма телевизија кандидатката за претседател професорката Силјановска Давкова вели дека ниту еден договор никогаш не е финален, и во името на владеењето на правото и правдата и почитувањето на jus cogens, еден ден со правни аргументи може да се оспорат низа решенија од Преспанскиот договор. – Без две страни нема, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1