Archive by Author

Италијански политичар кој се противи на вакцинирање, заболе од сипаници

Италијанскиот политичар Масимилиано Федрига, член на „Северна лига“, партијата која се противи на задолжителната имунизација, доби сипаници поради што мораше да мине четири дена во болница. Вакцинирање против дифтерија, тетанус, детска парализа, но и големи и мали сипаници и заушки се задолжителни во Италија за упис на дете во градинка или училиште. „Добро сум, дома […]

______________________________________________________________________________________________________

Антикорупциска отвора предмет за случајот со дивоградбите на Матка

Државната комисија за спречување на корупција отвори два нови предметa по кој ќе постапува по допрен глас – случајот Матка и корупцијата во политиката која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Бошњаковски: Владата се откажа од „мерцедесот“, а премиерот никогаш не го користи

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави денеска дека мерцедесот од 600.000 евра кој беше набавен во време додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, е сѐ уште дел од судската постапка „Тенк“ и дека по завршување на постапката ќе се одлучи што понатаму. На новинарско прашање за предизборните ветувања на СДСМ дека со продажбата на мерцедесот ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните да ВНИМАВААТ – да патуваат со лиценцирани агенции и да потпишуваат договори

Граѓаните при туристичките патувања да проверат дали агенцијата со која патуваат е лиценцирана и да потпишат договор пред патување за да не бидат измамени, апелираат од надлежните институции. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека полесно е да постапат по преставките кои стигнуваат кај нив доколку граѓаните имаат договор потпишан со агенцијата, програма за патувањето и […]

______________________________________________________________________________________________________

Му се јавил да му ги врати парите кои му ги должи па го убил – Детали за убиството во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. По спроведување на сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот со умисла го лишил од живот сега починатиот Н.Д. […]

______________________________________________________________________________________________________

Котевски: Гарантираме дека нема да го ликвидираат Груевски во Шутка

Aпсолутно ќе беше безбеден Никола Груевски, бегалецот од правдата. Ако дојде и ако овде треба да одлежува затворска казна, гарантираме дека нема да има негова ликвидација, вели Ѓоко Котевски, директор на Истражниот затвор во Шутка во интервју за порталот  МКД. – И од кого би бил ликвидиран? Еве овде беше и Ангеле Зафировски, познат како Бате […]

______________________________________________________________________________________________________

Караџиќ осуден на доживотна казна затвор

Воениот злосторник и поранешен претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, е осуден денеска на доживотна казна затвори пред Жалбениот совет Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал). Жалбениот совет ја изрече пресудата откако еден час ги образложуваше одлуките по жалбите поднесени од Караџиќ и од обвинителството. Со провостепената пресуда изречена од Хашкиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски на средба со граѓани: Ќе ја водам Северна Македонија напред

Заедничкиот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на главниот град, Скопје. На средбите со граѓаните низ центарот на Скопје, Пендаровски разговараше за претстојните претседателски избори и потребата од вистински претседател кој обединува и работи во интерес на граѓаните и државата. Средбите продолжија и во Старата скопска чаршија, кадешто заедничкиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Папата ќе одржи молитва на „Филип Втори“ – Се очекуваат 50.000 луѓе

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско, ќе го посети Скопје на 7. мај годинава. Веќе е позната неговата агенда во главниот град. Тој ќе одржи молитва на стадионот „Филип Втори“, каде што се очекуваат 40-50 илјади луѓе да присуствуваат нна посетата. „Тој ќе одржи молитва на стадионот во Скопје, каде што очекуваме да бидат присутни […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска до Пендаровски: Стево извини што ви избега Груевски

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер, Никола Груевски, е во бегство во Унгарија, а Гордана Силјановска, му се обрати на својот противкандидат, Стево Пендаровски. Силјановска пред само четири дена отвори свој профил на социјалната мрежа Твитер, каде е секојдневно присутна. Професорката по уставно право има и хаштаг „Извини Стево“ . „СтевоИзвини што Груевски ви […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска по апсењето на Јакимовски: Како тргнавте, ќе ви снема политичари од опозицијата

Професорката и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, го коментира апсењето на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Како тргнавте со апсењата ќе нема политичари во опозиција…па од Ципрас ќе барате да ви прати“, пишува Силјановска на Твитер.

______________________________________________________________________________________________________

Стевчо пред судот: Ќе ги тепаме – не им се плашиме

Ексградоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата, покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“, но не одговори на кого точно мисли, јави А1он. Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судијката на […]

______________________________________________________________________________________________________

Познатиот пливач почина во тек на тренинг – Имаше 26 години

Пливачот Кенет То, кој на Светското првенство 2013 година освои сребрен медал за Австралија, почина денеска откако му се слоши во текот на тренинг на Флорида. Имаше 26 години. Причината за смртта не е соопштена, туку само е наведено дека му се слошило и потоа го префрлиле во болнциа, каде за жал, починал. Кенет То, […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Апсењето на Јакимовски е брутален политички притисок и израз на огромен страв пред избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со свој Фејсбук статус се обрати до јавноста пишувајки дека апсењето на лидер на опозициска партија на еден месец пред гласањето на претседателските избори не е ништо друго освен чин на брутален политички притисок и израз на огромен страв и паника на Заевизмот кој губи. Апсењето на лидер на опозициска […]

______________________________________________________________________________________________________

Власта и опозицијата без договор за СЈО, нов обид в петок

Работните групи на власта и опозицијата на вчерашната прва средба не постигнаа согласност околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. Министерката за правда Рената Дескоска, која ја предводи работната група на власта, по средбата рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството […]

______________________________________________________________________________________________________

Јакимовски осомничен за бесправна легализација и откуп на земјиште

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ (62), В.С.(43), М.Т. (59) и Р.Д. (60) сите од Скопје, поради постоење сомнение за сторено кривично дело – „злоупотреба […]

______________________________________________________________________________________________________

Брза помош ќе добие 12 нови возила, уште осум ќе се пренаменат и доопремат

Набавката на возила за Итна медицинска помош заврши, до крајот на месецот е рокот за испорака и ги очекуваме 12-те нови возила што ќе бидат распределени на повеќе места низ државата, а најмногу во Скопје. Со одлука на владата ќе преземеме осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што биле наменети за некоја […]

______________________________________________________________________________________________________

Турчин осомничен за нападот во Утрехт

Главен осомничен за нападот во Утрехт е 37-годишниот Турчин, Ѓукман Танис, но не е исклучена можноста дека пукале неколку лица, соопшти холандската полиција. Полицијата исто така соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад. Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот. Неколку […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1