15/03/2019 09:00
•
Posted by: MK News
Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ возел со брзина од 99 километри на час, иако на автопатот било дозволено возење со 80 километри, и го активирал уредот за манипулација на тахографот за да не ја прикаже вистинската брзина на движење, покажало вештачењето. Ова го истакна јавниот обвинител Сашо Рајчев денеска на прес-конференција, посочувајќи дека седумте […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2019 13:36
•
Posted by: MK News
Возењето со брзина над дозволената, како и техничката неисправност на автобусот на „Дурмо Турс“ се главните причини за сообраќајката кај Ласкарци во која загинаа 15 лица, а 39 беа повредени. Ова го утврдила едномесечната истрага на Основното јавно обвинителство Скопје за катастрофалната сообраќајка. Како што денес соопшти на прес-конференција обвинителот Сашо Рајчев, за сообраќајката приведени […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2019 13:34
•
Posted by: MK News
Шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот се приведени во врска со сообраќајната несреќа кај скопско Ласкарци што се случи на минатиот месец, а во која загинаа 15 лица. Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев во моментов на прес-конференција ги презентира информациите за текот на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2019 13:32
•
Posted by: MK News
Со сослушување на вешто лице од судска медицина, предложен од обвинителството за дополнително изведување докази по реконструкцијата на настанот, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. Вештакот рече дека по направената реконструкција и увидот во списите, остануваат на ставот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:52
•
Posted by: MK News
Прес-службата на Ватикан објави програма за посета на папата Франциск на Бугарија и Македонија, која ќе се одржи на 5-7 мај годинава. Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот. На аеродромот тој ќе биде пречекан од премиерот Бојко Борисов, потоа шефот на римокатоличката црква ќе ја посети бугарската патријаршија, а во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:50
•
Posted by: MK News
Холивудските актерки Фелисити Хафман и Лори Лафлин познати по улогите во сериите ,,Очајни домаќинки” и ,,Полна куќа”, се обвинети за плаќање мито на универзитетски управи преку посредници со цел нивните деца да бидат примени да студираат на престижни универзитети. Според обвинението кое е поднесено против актерките, посредниците ги фалсификувале документите на децата, вклучително и резултатите […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:50
•
Posted by: MK News
По спроведени контролни брисеви на вработените не постои простор за паника во врска со откриените случаи на инфекција со бактеријата МРСА во основното училиште во Бутел и во градинката во Чаир, соопшти денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Сакаме да потенцираме дека апсолутно не постои никаков простор за паника. Станува збор за бактерија […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:48
•
Posted by: MK News
Претседателката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вели дека нема причина да се сомнева на наодите на Бирото за јавна безбедност за опасноста од бегство на Митко Чавков и немало потреба да се правдаат, пренесе Телма. Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, вчера заврши во истражниот затворот во Шуто Оризари. Судот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:47
•
Posted by: MK News
Пилотите со месеци пред авионската несреќа во неделата во Етиопија, во која загинаа 157 лица, се жалеле до американските федерални власти на новиот Боинг 737 Макс 8, јавува Њујорк Пост. Поплаките биле поднесени од пилоти кои летале со тој авион во октомври и ноември 2018 година, и сите поплаки се внесени во федералната база на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:45
•
Posted by: MK News
Владата очекува за реформските закони што поминаа во Парламентот, а се важни за евроинтеграцијата на земјата, да бидат постигнати зададените рокови и покрај тоа што претседателот Ѓорге Иванов ги нема потпишано указите за нивно прогласување, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Очекуваме дека ќе ги постигнеме роковите што се зададени со цел […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:44
•
Posted by: MK News
Врховниот Суд во Австралија денеска треба да ја потврди казната за Македонецот Борче Ристевски за убиство на неговата сопруга Карен кое се случило пред две години кога ја убил безмилосно па телото го фрлил во грмушки. Странските медиуми пренесуваат дека не се знаат мотивите за убиството но се претпоставува дека причина е лошата финансиска состојба […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:43
•
Posted by: MK News
Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо. Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за брендовите Вест, Родео и Бос. Се уште нема информации за поскапување на други брендови на цигари. Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:42
•
Posted by: MK News
Ќерката на екс-директорот на македонската полиција, Митко Чавков, се огласи на Фејсбук денеска со порака до дипломатскиот кор откако татко и беше приведен вчера. Почитувани претставници на дипломатскиот кор во земјава, дозволете ми да ве известам за политичкиот прогон кој се случува врз татко ми ( Митко Чавков ), кој е цел на брутална тортура […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:40
•
Posted by: MK News
Пилото на „Етиопиан ерлајнс“ чиј „боинг 737“ макс 8 се сруши во неделата, по што загинаа 157 лица, пријавил дека има потешкотии со управувањето на авионот и побарал враќање во базата, кажал главниот извршен директор на авио-компанијата, Товолде Гебре Маријам. Тоа јасно се случа на снимката од разговорот на пилотот со контролорот за воздушен сообраќај. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:38
•
Posted by: MK News
Со слушање на аудио разговори, обезбедени како ПИ-мерки, во Кривичниот суд продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Адвокатот на еден од обвинетите Насер Рауфи рече дека на предлог на одбраната овие разговори ќе бидат слушани заедно со разговорите кои претходно биле презентирани од Обвинителството. -Ние како бранители ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:33
•
Posted by: MK News
Груевски се огласи на Фејсбук за апсењето на Митко Чавков. Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп” каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:31
•
Posted by: MK News
И Македонија ги забрани летовите на „боинг 737-макс 8“ и „боинг 737-макс 9“ поради истрагата која се води во врска со овие типови на авиони. – „Од денеска е на сила забраната за слетување и полетување на воздухопловите ‘боинг 737-макс 8’ и ‘боинг 737-макс 9’, како и надлетување над воздушниот простор над државата. Забраната следи […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:30
•
Posted by: MK News
Притворање на Митко Чавков два дена пред изрекување на пресудата значи дека таа е веќе донесена, вели адвокатот на Чавков Сашо Дуковски, кој го застапува во случајот за „27 април“. -Тој ниту поседува вила ниту каква недвижнина во Република Грција. Тој од привор е излезен со гаранција од 600.000евра која би пропаднала доколку избега и […]
______________________________________________________________________________________________________