08/03/2013 17:40
•
Posted by: MK News
И по девет години, уште ми чука срцето, кога ќе слушнам “Внимание“ на сирената се молам да нема луѓе на местото што гори, бидејќи не сакам ни да помислам дека може да има човечки жртви.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 17:31
•
Posted by: MK News
Најголем дел од граѓаните, покажувајќи висока свест, ги послушаа и почитуваа апелите на Министерството за внатрешни работи, верските заедници и невладините организации и не се приклучија кон протестите кои се организираа преку социјалните мрежи.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 17:07
•
Posted by: MK News
Денеска весникот Утрински пренесе дека Империја со која Влатко Лозановски и Есма Реџепова требаше да ја претстават Македонија на Евровизија во Шведска е целосно сменета
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 16:18
•
Posted by: MK News
Се работи за 25-годишниот Есад Бекир кој според доказниот материјал од полицијата, во повеќе наврати фрлал со камења кон полициските службеници за време на протестите во Скопје. Во еден момент лицето земало картон, го запалило, а потоа го предизвикало пожарот во автобусот на ЈСП. Според информациите тој во полициската станица го признал делото. Истражен судија […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 16:00
•
Posted by: MK News
Полицијата смета дека 51 годишниот Дави Роси, портпарол на банката „Монте деи Паски ди Сијена“, кој е пронајден мртов во средата вечерта, извршил самоубиство, фрлајќи се низ прозор од својот кабинет
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 15:45
•
Posted by: MK News
Музичарите кои сакаат да патуваат во странство во блиска иднина ќе мораат на царина да покажат пасош за својот музички инструмент.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 15:22
•
Posted by: MK News
Денеска меѓу две групи од младите демонстранти изби тепачка меѓу поликлиниката Бит Пазар и џамијата Јаја Паша, поточно кај Детелинка. Поголема група се обиде да спречи група деца да фрлаат камења по полицијата, по што изби тепачка меѓу противниците. Полицијата мораше да интервенира за да ја раздвои групата. ФОТО:Плусинфо
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 15:17
•
Posted by: MK News
Лицето кое во саботата на Пластичарската улица го запали авотбусот на ЈСП е идентификувано и приведено.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 15:15
•
Posted by: MK News
Саудиска Арабија има намера да создаде индустриски град во кој ќе живеат и работат само жени, на овој начин сака да направи компромис меѓу строгиот Шеријатски закон и желбата на жените да градат деловни кариери.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 15:00
•
Posted by: MK News
На прв поглед се чини дека станува збор за музеј на фабрика Мател, но две илјади барбики и една илјада кеновци го красат домот на американскиот колекционер Стенли Колорит. Овој 41-годишен кој сам себе си се нарекува Барби-мен, популарните кукли почнал да ги собира пред 20 години, а годишно за својата колекција троши 30.000 долари.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 14:25
•
Posted by: MK News
Еколошка активистка од Австралија која се качила на едно дрво на еукалиптус пред 15 месеци, на тој начин протестирајќи против сечењето на старите шуми, морала да ја прекине својата акција поради шумски пожар.
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 14:15
•
Posted by: MK News
Стотинатата малолетни протестанти се запрени пред стоковната куќа “Мост“ во непосредна близина на надвозникот. Малолетниците беа запрени од страна на специјалната единица на полицијата и не дозволуваат движење на толпата кон мостот Гоце Делчев. Откако беа спречени во обидот да се пробијат, малолетниците избегнаа назад кон Мавровка, а специјалците останаа покрај нив. Некои од нив по […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 14:00
•
Posted by: MK News
Долго време жените се бореле за своите права на еднаквост во светот на мажите. Во последните 6 години, околу 85% од државите ги подобриле условите за жените, според Светскиот Економски Форум, но од економска и политичка гледна точка има уште долг пат пред нив. Еве неколку места каде што е одлично да се биде жена, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 13:30
•
Posted by: MK News
– Вицовите за глупави плавуши воопшто не ме навредуваат- добро знам дека не сум глупава…а знам и дека не сум плавуша – Доли Партон – Позади секој успешен маж стои зачудена жена – Марион Пирсон – Сеуште не сум чула изјава од маж да бара совет како да ги усклади бракот и кариерата – Глориа […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 13:18
•
Posted by: MK News
Пред Јаја пашината џамија во моментов има стотина малолетници кои стојат на улицата и го блокираат сообраќајот, пишува Нетпрес. Според порталот останатите верници си заминале веднаш по молитвата. Полицијата денеска подготвено ги чекаше демонстранти. Полициските екипи беа распоредени на клучните крстосници и локации, а голем број ја обезбедуваат и зградата на Владата. Од МВР изјавиле дека […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Избегнувајте ги мачките и нема да заболите од шизофренија. Кон ваков заклучок може да доведе предупредувањето на научниците од прашкиот Психијатриски центар, кои откриле дека за промените на мозокот кај луѓе со генетска предиспозиција кон шизофренијата, придонесува и токсоплазмозата, инфекција која ја пренесуваат мачките. Иако, ова откритие е во прва фаза, експертите се обидуваат да […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Иако повеќето снимки со Непознати летечки објекти (НЛО) главно се лажни или претставуваат природен феномен, секогаш предизвикуваат големо внимание кај многумина на социјалните мрежи ширум светот. Бидејќи технологијата отиде многу напред, луѓето понекогаш не се свесни дека снимка со НЛО е можно да се направи со помош на компјутерски софтвер. Речиси секоја недела се појавуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
08/03/2013 11:45
•
Posted by: MK News
Една жена беше изведена пред Суд во јужниот дел на Франција, бидејќи на својот тригодишен син му облекла маица на која пишувало „Јас сум бомба“ и „Роден на 11 септември“.
______________________________________________________________________________________________________