Archive by Author

Србија: Маж ја начекал сопругата со љубовникот – го врзал и го искасапил со секира

Во село во близина на српскиот град Сремска Митровица било пронајдено тело на маж убиен со удари од секира. Претходно му биле врзани рацете и нозете. Според последните информации, полицијата уапсила еден триесетгодишен маж кој го признал убиството. Неофицијално, осомничениот рекол дека го убил човекот затоа што го начекал во сексуални односи со неговата невенчана […]

______________________________________________________________________________________________________

Првата дама на Катар: Жена со 7 докторати, 5 синови и 2 ќерки (Фото)

Елеганцијата, стилот и софистицираноста имаат едно друго име, а тоа гласи Шехјха Мозах бинт Насер. Сопругата на катарскиот емир и една од неговите три сопруги ја заслужува секоја минута на внимание на светските медиуми. Нејзината најважна титула се секако нејзините деца, таа има пет сина и две ќерки.Сопругата на емирот на Катар станала во 1977 […]

______________________________________________________________________________________________________

Прекрасната вест од скопската ЗОО за негувателот Ристе стана светски хит

Љубовта кон животните на ЗОО негувателот Ристе ја прикажаа убавата слика на Македонија во светот. Фотографот Горан Анастасовски на порталот „BoredPanda“ објави фотографии од негувателот Ристе и жирафите во зоолошката градина во Скопје, на кои се гледа исклучителната врска помеѓу нив. Емоциите со кои зрачат фотографиите ги освоија сите, па така веста за посветениот македонски […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија нема договор за екстрадиција со Унгарија; Кои механизми се на располагање?

Mинистерството за правда на Република Македонија ќе бара други правни механизми за испорачување на екс-премиерот Груевски бидејќи земјава нема договор за екстрадиција со Унгарија. На располагање се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна […]

______________________________________________________________________________________________________

Слаб снег на Маврово, Стража и Попова Шапка, Кичево – патиштата проодни

Слаб снег попладнево провејува во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“. Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. – Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни […]

______________________________________________________________________________________________________

На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицковски од Гостивар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва на трибината во Гостивар рече дека ќе победат на следните парламентарни избори без разлика дали тие биле редовни или вонредни и дека на претстојните претседателски избори ќе излезат со кандидат со кој ќе го поразат СДСМ. – Оваа ненародна и криминална власт на СДСМ предводена со аболицираниот криминалец Зоран […]

______________________________________________________________________________________________________

Облачно и студено време со врнежи од снег, снежна покривка се очекува и во скопско

Денес времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува […]

______________________________________________________________________________________________________

Се забели Белград, падна првиот снег оваа сезона

Во Белград рано утрово почна да паѓа првиот снег оваа сезона. Снегот почна да паѓа нешто пред 6 часот утрово, но не се задржува на улиците. Во Србија денеска ќе биде претежно облачно и студено, со температури од -3 до 6 степени. Во Белград, според најавите температурите ќе се движат од 2 до 5 степни.

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Груевски е жртва на политички прогон, самиот потег на бегство не го оправдувам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Гостивар, коментирајќи ги последните случувања во државата, оцени дека Владата не ја води државата во добра насока, а за бегството на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски повтори дека тој е жртва на политички прогон и оти самиот потег на бегство не го оправдува. Според Мицковски, македонската јавност […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиена жена, стотина повредени во протестот против поскапувањето на горивото

Над 244.000 демонстранти денеска протестираа во Франција поради покачувањето на цената на горивото. Една жена загина, а 106 се повредени, од кои петмина се во критична состојба.Демонстрантите блокирале голем број патишта кои водат до бензински пумпи и аеродромите во Франција. Од вкупно 3.500 бензински пумпи на „Тотал“ околу 70 цело утро биле затворени, а помалку […]

______________________________________________________________________________________________________

Му го украле џипот додека пазарел на „Партизанска“ во Скопје

Тртиесет и четири годишен скопјанец останал без својот џип „Форд Куга” кога застанал на булеварот „Партизански одреди”, го оставил да работи и отишол да купи производи во маркет. Неговото невнимание го искористиле две машки лица кои влегле во џипот и го напуштиле местото на настанот. Од полцијата соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на […]

______________________________________________________________________________________________________

76 мртви и 1276 исчезнати во најголемиот пожар во Калифорнија

Бројот на мртвите во најпогубниот пожар во Калифорнија се искачи на 76, но се стравува дека конечниот биланс би бил неколку стотици загинати зошто пријавени како исчезнати се дури 1.276. Форензичките тимови кои ги пребаруваат јагленисаните урнатини пронајдоа уште 5 жртви, со што бројот на мртви порасна на најмалку 76, од кои 63 се идентификувани, […]

______________________________________________________________________________________________________

Редарите кои избркаа бабичка што продава малини ќе биле санкционирани – О.Центар се извини (ВИДЕО)

Општина Центар преку соопштение се извини за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец„ кога двајца комунални редари ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници и малини. Редарите ја превртеле гајбата со производи, а откако жената ги собрала истите ѝ ги искинале кесите со бадеми. Видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи по што реагираше Општината. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ве сака дедо Ратко, рече Ратко Младиќ во утринска емисија ВИДЕО

Хашкиот осуденик Ратко Младиќ се вклучи телефонски во утринска емисија на белградска телевизија. Ратко Младиќ, кој во Хаг е осуден за геноцид во Сребреница и за злосторства против човештвото, се јави телефонски во утринска емисија на телевизијата „Хепи“ па кажа „Ве сака дедо Ратко“. По ова, секретарот на меѓународниот суд во Хаг нареди надзор на […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов гаф – Јункер облече различни чевли

Жан-Клод Јункер е главна тема на Твитер поради чевлите. Според твитерџиите, причина за ваквата постапка на Јункер било тоа што „носел чевли со разлина боја“. Британскиот таблоид „Сан“ наведува дека на снимка од прес-конференцијата се гледа дека Јункер носи „еден црн и еден кафен чевел“.

______________________________________________________________________________________________________

Четири случаи на шуга за само еден ден во амбулантата на Бит Пазар

Училиштето „Владо Тасевски“ вчера беше затворено заради дезинфекција на сите простории, а повторно продолжува со работа в понеделник. Причината е појава на шуга. Она што зачудува е што семејството на детето не се приматели на социјална помош, како што велат од надлежното министерство, а дали станува збор само за родителска негрижа, односно во какви услови […]

______________________________________________________________________________________________________

Претепан и ограбен таксист

Скопски таксист бил претепан и ограбен, вчера во населбата Аеродром, информираше МВР. На 16.11.2018 година во 22.25 часот вработен во Градска општа болница “Св. Наум Охридски”, телефонски пријавил дека бил донесен А.М.(47), кој од страна на непознато лице бил повреден, велат од МВР. Според полицијата, разбојништвото се случило околу 19.15 часот на булевар АВНОЈ. Таксистот […]

______________________________________________________________________________________________________

Им го украле камионот за ѓубре на скопски Комуналец

Камион за смет на Комунална хигиена Скопје бил украден додека бил на сервис, јавува СДК. Според информациите, камионот бил украден од гаражата на сервисот додека тој не работел. Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив е пријавен овој случај и работат на негово расчистување. „На 12 ноември е пријавено во полициска станица дека […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1