Archive by Author

Словенец за пари во име на други луѓе, примил 23 вакцини против Ковид-19

Еден Словенец примил 23 вакцини против Ковид-19, што е рекорден број. Зад неговиот рекорд не стои страв од инфекции, туку тој примал вакцини во име на други луѓе. За примање на вакцина против Ковид-19 во Словенија е доволно да се покаже картичката за здравствено осигурување, на која нема фотографија. Тоа не е единствен случај, според […]

______________________________________________________________________________________________________

Општина Чаир парите за новогодишно украсување ги пренамени за семејствата на починатите

Советот на општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини го загубија животот во трагичната несреќа што се случи завчера во Бугарија. Советот едногласно ја одобри одлуката средствата предвидени за украсување на територијата на општина Чаир за новогодишните празници да бидат распределени за семејствата на загинатите […]

______________________________________________________________________________________________________

Д-р Аргирова: Сите кои требаше беа оперирани вчера, еден од повредените е во психички шок

Проф. д-р Маја Аргирова од Клиниката за хирургија во Бугарија денеска на прес-конференција посочи дека сите повредени пациенти се во добра здравствена состојба. „Сите пациенти се во стабилна состојба, на сите на кои требаше им се направени оперативни зафати вчера. Двајца од пациентите ќе бидат оперирани и денеска“, истакна таа. Според Аргирова, едното лице кое […]

______________________________________________________________________________________________________

„Скокни Висар, скокни“: Татко успеал да спаси шест лица кршејќи го задното стакло но не и сопствениот син

Еден од преживеаните во вчерашната несреќа е Орхан Алити. Тој заедно со српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани го скршиле задното стакло и им помогнале на останатите шест лица да си го спасат животот, пишува Би-Би-Си, пренесува Днес.бг. Набргу по фаталната несреќа, Орхан и се јавил на неговата сопругата која живее во Белгија. Алити пријавил дека автобусот […]

______________________________________________________________________________________________________

Во еден момент двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки. Корупцијата убива!

Корисник на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од местото на несреќата каде загинаа 45 македонски граѓани по сообраќајна незгода со автобус. Многу шофери веќе го изразија своето мислење дека самиот начин на кој што е изградено ова раздвојување на патот може да е причина за трагедијата, бидејќи знакот не е поставен на соодветно место, туку […]

______________________________________________________________________________________________________

ЛУЃЕТО ВРЕСКАА, БЕШЕ ХОРОР! Изјава на преживеан патник за ТВ Клан (ВИДЕО)

Младата двојка која ја преживеа трагедијата во Бугарија, 26-годишниот Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата свршеничка, Медина Љутфи (25) од кумановски Сопот, од софиската Клиничка болница го раскажаа пеколот што го доживеале на автопатот, кога изгоре автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ и животот го загубија 45 луѓе. Сулејмани го скршил прозорецот од автобусот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Превозникот не го пријавил возилото, започната постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса-транс“

Министерството за транспорт и врски работи на утврдување на сите причини за настанувањето на не среќата. Превозникот до МТВ доставил барање на 18.07.2018 година за добивање на лиценца за вршење меѓународен превоз на патници. Доставена е целокупната документација со што се исполнети условите и е издадена лиценцата. Доставена е уредна документација за извршено технички спецификации […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Во автобуската несреќа загинаа 45 лица од кои 12 се деца

Според првичните информации од истражните органи во Бугарија во автобусот кој изгоре ноќеска на автопатот „Струма“ вкупно имало 52 лица, од кои 45 загинаа, а седуммина се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Од загинатите, 12 се деца, изјави вечерва на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во текот на утрешниот ден, како што кажа […]

______________________________________________________________________________________________________

Откако ќе се идентификуваат загинатите, ќе започне процес на транспорт на телата, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи упати сочувство кон семејствата на загинатите. Тој рече дека по завршување на идентификацијата на загинатите, ќе започне процес на транспорт на телата. Османи додаде дека не се надоместува загубата ниту тагата, бидејќи 45 животи веќе не можат да се вратат. Министерството за надворешни работи, според Османи, ќе работи на […]

______________________________________________________________________________________________________

Минута молк и телеграми со сочувство од сите страни

Најсмртоносна автобуска несреќа во Европа во последната деценија – ваков наслов осамна кај дел од светските и регионалните медиуми кои известуваат за трагедијата во Бугарија. Пораки со сочувство за настраданите пристигнаа од сите соседни држави, вклучително и од челниците на Европската Унија. -Моето најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во трагичната автобуска несреќа […]

______________________________________________________________________________________________________

Љуљзим Сулејмани повреден помагал во евакуција на патниците

Српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ го посетил во болница српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани, кој утрово бил повреден во тешката автобуска несреќа кај Софија. – И покрај повредата, помогна во евакуацијата на патниците! Добро се чувствува, редовно ќе го посетуваме, се наведува во соопштението на Амбасадата, објавено на Твитер.

______________________________________________________________________________________________________

Пет ученици од ОУ „Исмаил Ќемали“ загинаа во несреќата, најмалиот одел во второ одделение

Скопското основно училиште „Исмаил Ќемали“ завиено во црно. Пет ученици загинаа во страшната сообраќајка во Бугарија. Сите петмина се во роднинска врска. Вкупно 12 члена од ова семејство ги загубија животите во несреќата враќајќи се од кобното патување во Истанбул. Најмалото од петте деца кои учеле во Основното училиште „Исмаил Ќемали“ одело во второ одделение. […]

______________________________________________________________________________________________________

Оставката на Заев е одложена

Оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев пред партиските органи е одложена. Партијата соопшти дека вечерва нема да заседаваат Централниот и Извршниот одбор поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Седниците беа закажани по барање на Заев, кој најави дека ќе побара уважување на неговата оставка, најавена уште на 31 октомври, по вториот изборен […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика за оружје во Белград, загинаа двајца работници

Силна експлозија одекна околу 14 часот во Бубањ Поток, а густ чад лебди над таа приградска белградска населба. „Вечерни Новости” објавија дека две лица го загубиле животот. Според „Телеграф”, во експлозијата во фабриката има загинати, а едeн работник кој бил заробен пожарникарите успеале да го извлечат, јави дописникот на МИА од Белград. Две лица загинаа […]

______________________________________________________________________________________________________

Полиција пред седиштето на „Беса транс“ во Скопје, граѓани чекаат информации за несреќата

Затворени се денеска вратите на агенцијата Беса Транс која го организирала патувањето во Турција по кое враќајќи се во земјава, на магистралата Струма во Бугарија автобус се запали и загинаа 46 лица. Членови на семејствата на патниците и роднини останаа без одговори – дали нивните најблиски се меѓу загинатите или преживеаните. Потресени и револтирани, со […]

______________________________________________________________________________________________________

Преживеаја седум патници – дел од нив веќе дале искази

Откако бугарските институции дале официјална потврда, Министерството за надворешни работи (МВР) на Северна Македонија објави список на седумте преживеани патници. Петмина од нив се наши државјани: Ебип Пајазитовски (24.09.1972); Ѓула Јашаровска (16.06.1972); Зулејха Јашаровска (12.05.2005); Минир Јашаровски (06.01.1971); Медина Љутвиј (21.05.1996). Еден е државјанин на Србија-Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), а еден на Белгија – Орхан Алити […]

______________________________________________________________________________________________________

ПИРГОВ: Има снимка која не е пријатна да се гледа, се спасиле само тие од задниот дел на автобусот!

Автобусот со македонски државјани излетал на автопатот Струма кај бугарското село Боснек, во близина на Перник. Според првичните информации пукнала предната десна гума од автобусот, по што тој удрил во банкина по која се влечел. Во тие моменти се излеало гориво бидејќи работело парното во автобусот. Избувнал пожар и дошло до кобната несреќа за патниците […]

______________________________________________________________________________________________________

Српскиот државјанин и неговата свршеница од Куманово се меѓу преживеаните во автобуската несреќа

Српскиот државјанин од Прешево и неговата свршеница од Куманово кои биле меѓу патниците во автобусот на „Беса транс“ кој ноќеска изгоре во Бугарија и во кој загинаа 46 лица, се живи, пишува српски Курир. – Единствениот државјанин на Србија кој бил во автобусот што изгоре во Бугарија е Љуљзим Сулејмани од Прешево и тој е […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1