Archive by Author

Мицотакис: Бараме избори за народот да одлучи за Договорот од Преспа

Бараме избори за народот со неговиот глас да одлучи за текот на ова национално прашање, рече лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис говорејќи за Договорот од Преспа, во обраќањето на почетокот на состанокот со надлежните за различни области во партијата. Тој уште еднаш повтори дека тие се против Договорот од Преспа, за кој […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: На 30 септември е последната шанса да обезбедиме сигурна иднина за новите генерации

Нашиот глас на 30 септември е глас на секој од нас за мир, одржлива безбедност и стабилност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за постабилен регион, за владеење на правото и правна држава, економски развој, поголеми домашни и странски инвестиции, за општествена благосостојба. Триести септември е последната шанса на нашата генерација за да обезбедиме сигурна иднина […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Во недела не е избор меѓу две политички партии, тоа е избор за нашата иднина

Во недела ќе се соочите со историска одлука. Треба да направите избор. Запаметете, тоа не е избор меѓу две политички партии. Тоа е избор за вашата иднина, за иднината на вашите деца. Тоа е избор за иднината на нашата сакана Македонија. Ова го порача премиерот Зоран Заев во видео обраќањето до граѓаните за референдумот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Народен правобранител: Беслатни телефонски линии за повреда на гласачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела, 30 септември, на денот на одржување на референдумот, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање. Отворени […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанушев: Во недела македонскиот народ е соочен со историска одлука

Во недела македонскиот народ е соочен со историска одлука. Или ќе се самоизбрише и самоукине или ќе продолжи да се бори за се она за кое што се бореа генерации пред нас. Во недела оваа генерација е соочена со изборот да потклекне на историскиот предизвик, да падне на коленици, да свитка кичма и да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија од денеска се подготвува за преговори за членство со ЕУ

Брисел денеска ја започнува подготвителната работа за преговори за членство помеѓу Македонија и ЕУ. Овој прв „објаснувачки состанок“, на кој учествуваат 43 членови од македонска страна, 39 од албанска и десетина функционери од страна на Европската унија, има за цел да и овозможи на европската страна да им го презентира на двете земји членки законодавството […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина македонската фудбалска легенда Благоја Истатов

Легендарниот македонски голман Благоја Истатов почина денеска во 71. година од животот. Истатов целиот свој живот го посвети на фудбалот. Негов матичен клуб е Беласица, а настапуваше и за Победа од Прилеп, белградски Партизан и Утрехт од Холандија. Беше дел и од поранешната југословенска репрезентација. По завршувањето на фудбалската кариерата се посвети на тренерската работа. […]

______________________________________________________________________________________________________

Завршува кампањата, од полноќ предреферендумски молк

Јавната пропаганда за референдумот што ќе се одржи во недела завршува вечерва на полноќ. Дотогаш треба да завршат сите активности на учесниците во кампањата. Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците и координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски конгрес […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден

Денешниов празник е органски поврзан со вчерашниот празник, празникот на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим. Имено, во истата таа црква беа сместени остатоците од чесниот крст на кој беше распнат Христос, а кој крст го пронајде мајка му на цар Константин Велики, царицата Елена. Уште еден настан, освен пронаоѓањето на чесниот крст, […]

______________________________________________________________________________________________________

Бактерија стафилокока во мајонез, била причината за масовното труење на виничани

Стафилококна бактерија во мајонезот е причината за масовното труење од виничката сендвичарница. Лабораториските анализи во Центарот за јавно здравје Кочани покажале и присуство на фекални бактерии во мајонез салатата, соопштија од агенцијата за храна и ветеринарство. – Добиените резултати од лабораториските испитувања укажуваат на ниско ниво на одржување на хигиената во објектот, на работните површини […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Во недела на референдумот го финализираме и законот за јазици

Приоритети ни беа НАТО и ЕУ, а приоритет над приоритетите ни беше спроведувањето на Рамковниот договор, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва од плоштадот „Скендербег” во Скопје каде го одржаа централниот собир за референдумот на 30 септември. – Се приближуваме до финализирање на овој договор, особено на последниот акт за употреба на јазиците, што […]

______________________________________________________________________________________________________

Ноќеска прв пат одиме во минус – утре најстудениот ден

Вистински студ не чека во наредните неколку дена. Уште вечерва, метеоролозите најавуваат дека силниот северен ветер ќе донесе исклучително ниски температури кои во Скопје ќе се спуштат до само 2 степени над нулата а во некои градови низ Македонија вечерва за прв пат ќе се регистрираат минуси. Утре не очекува уште еден ист ден како […]

______________________________________________________________________________________________________

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Американскиот комичар Бил Козби е осуден на три до десет години затвор за сексуален напад. Пресудата пристигна пет месеци откако 81-годишниот Козби беше прогласен за виновен за дрогирање и сексуален напад врз Андреа Констанд во 2004 година. Комичарот беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението. Козби е познат како „американскиот татко“ поради […]

______________________________________________________________________________________________________

Ветрот сруши покрив во скопски Карпош и оштети 5 стана

Силниот ветер кој вчера дуваше во скопски Карпош откорнал покрив на зграда на улицата Вранислав Нушиќ и додека паѓал искршил прозорци од 5 станови, објави прес24. Читател на Press24 ја раскажува приказната. „Им ги скрши прозорите и ролетните, стаклата се распрснати во кујните на станарите. Среќа во тој момент никој немало во кујните ниту пак […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Денарот е стабилен

Неуспешниот референдум не значи девалвација на денарот, порача премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Тој нагласи дека како економист и како претседател на Владата ги следи трендовите во земјава. – Стабилен е денарот, финансиската моќност на банките и на Народната банка се добри, а е силен перформансот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Намалување на трошоците за извршители и нотари

Премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска во Владата го презентираа планот за намалување на трошоците на граѓаните наметнати од извршителите и нотарите. – За сметки за парно до 15.000 денари ќе се исклучат трошоците за адвокати, на пример, при постапка од извршители. Извршниот налог од 20 евра сега ќе биде 2 евра. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ратко Младиќ испрати порака до граѓаните на Република Српска

Поранешниот воен командант на војската на Република Српска и хашки осуденик Ратко Младиќ, им се обрати на граѓаните непосредно пред изборите во Босна и Херцеговина. Младиќ се обрати со порака која на прес-конференција во Бања Лука ја пренесе претседателот на Организацијата на старешини на војската на Република Српска, Милован Милутиновиќ, чиј член е и Младиќ. […]

______________________________________________________________________________________________________

„Слушнав, убијте ги сите по што пукав “ – сведоштво на Ангеловски за 27-ми април

Морничаво сведоштво за организираниот напад на Собранието од 27-ми април, од тогашниот телохранител на Оливер Спасовски, Ацо Ангеловски на продолжението на рочиштето за сослушување на оштетените. Слушнав „ убијте ги сите“ по што пукав и повикав полиција, низ солзи се потсети Ангеловски. Тој уште рече дека на 27-ми април минатата година повеќе полицајци биле пуштени […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1