22/06/2018 21:45
•
Posted by: MK News
Задолжително е организирање на референдум за промена на уставното име согласно Договорот со Грција, но точниот датум кога тој би се одржал, какво ќе биде референдумското прашање и каков тип на рефенредум: обврзувачки или конститутивен Владата ќе усогласува меѓу коалициските парнтери и со опозицијата, тврди премиерот Зоран Заев. Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 21:44
•
Posted by: MK News
Холандскиот парламент даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, но ја блокираше Албанија, со образложение дека земјата потфрлила во секторот на борба против корупцијата и криминалот. Од Брисел ги охрабруваат и другит скептици и кочничари на процесот на проширување како што се Франција и делумно Германија да го признаат напредокот на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 21:41
•
Posted by: MK News
Интензивно се работи на расветлување на причините за трагичниот настан, информира Велешкото јавно обвинителство.. Во писменото известување пишуваат дека во тек е вештачењето на материјалните предмети подигнати од увидот во опожарената куќа.. „Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во продавницата во која биле родителите на трите деца во моментот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 21:39
•
Posted by: MK News
Двајца советници на СДСМ сведочеа за протестите пред Општина центар во 2013-та година. На прашања на СЈО раскажаа како 100-тина граѓани им се заканувале, ги навредувале и ги кршеле прозорците на општинската барака се со цел да ја спречат седницата на Советот за измени и поништување на детални урбанистички планови. Двајцата советници на СДСМ денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 21:37
•
Posted by: MK News
Училиштето во Форино доби табла само на албански јазик. На свеченото отворање присуствуваше градоначалникот на Гостивар. Спротивно на законот оваа образовна установа нема натпис на македонски јазик. Директорот на државниот просветен инспекторат за Сител вели дека немаат надлежност да интервенираат а доколку некој испрати претставка до нив, тие ќе ги преземат соодветни мерки. Градоначалникот Арбен […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 21:32
•
Posted by: MK News
Сообраќајот утре од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 13:41
•
Posted by: MK News
Невреме пропратено со силен дожд, грмотевици и град понекаде, го зафати Белград претпладнево, па сообраќајот во градот е отежнат и успорен, а некои улици се поплавени, јавуваат српските медиуми. На територијата на цела Србија на сила е портокалов метеоаларм поради обилните врнежи, грмотевици и силен ветер. Портокалов метеоаларм означува опасни временски прилики. Прогнозирани се опасни […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 13:35
•
Posted by: MK News
Сместен во кругот на бањскиот локалитет во Косоврасти, на „Дебарски Бањи-Цапа“, покрај прекрасното Дебарско Езеро, претставува уникатно место на незаборвани мигови во базените со тремоминерална вода рангирана на прво место во Европа по нивната лековитост. – На површина од шест илјади квадратни метри се дава неограничена забава во базените со најинтересните и нјаиновативните атракции. Дизајниран […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 13:34
•
Posted by: MK News
Првиот човек на „Независни Грци“ Каменос му упати ултиматум на Ципрас – или ратификување на спогодбата со проширено мнозинство од 180 пратеници, од вкупно 300 колку што ги има, наместо просто од 151 пратеник, или владата ќе падне. По лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос и министерот за сообраќај и врски од истите редови, Мавраганис, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 13:32
•
Posted by: MK News
Медицинските тестови потврија дека уште едно лице вработено во Амбасадата на САД во Хавана е погодено од „мистериозен здравствен инцидент“ на Куба, соопшти Стејт департментот. Со тоа бројот на заболени се искачи на 25 лица. Станува збор за еден од двајцата вработени во Амбасадата на САД во Хавана, кои неодамна беа евакуирани од Куба откако […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 13:21
•
Posted by: MK News
Оваа птица настрадала во експлозиијата, но за среќа нема човечки жртви. Цел на нападот на, засега непознати сторители, бил Фериз Дервиши, чиј автомобил беше кренат во воздух, јавува ТВ21. Дервиши вели дека не ја знае целта на нападот Експлозивната направа била поставена под автомобилот со магнет. Фериз Дервиши вели дека на местото каде што паркира […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 13:12
•
Posted by: MK News
Во силната бура која ноќеска беснееше во Полска загина Заменик градоначалникот на градот Воломин во централниот дел на Полска Роберт Маковски кога врз него падна гранка. Уште најмалку десет луѓе се повредени, а без струја останаа дури 330.000 домаќинства. „Едно лице загина, а најмалку десет се повредени во невремето во текот на ноќта. Оштетени се […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 13:01
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови. Утринската температура ќе се движи од […]
______________________________________________________________________________________________________
22/06/2018 12:56
•
Posted by: MK News
Со одлука на општинскиот совет, денеска во Велес е Ден на жалост поради погребот на трите деца што завчера го загубија животот во пожар во семејната куќа во високиот дел на градот на ридот Вршник. Советот донесе и решение на семејството на Никола Давчевски да му се додели еднократна парична помош во износ од 100.000 […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2018 23:15
•
Posted by: MK News
Најозоруваната свадба во регионот го дочека својот значаен момент. Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го кажаа судбоносното „ДА“. На венчавката во Белград има гости од цел свет, служеа 160 келнери, додека една од најскапите ставки беше изнајмувањето на 120 соби за дел од гостите во еден од најлуксузните белградски хотели. Младенците ангажирале приватно обезбедување, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2018 22:57
•
Posted by: MK News
Ден на жалост е прогласен за утре во Општина Велес, поради трагедијата која му се случи на семејството Давчевски кои вчера во пожар ги изгубија трите деца. Советниците одлучија петок 22 јуни да биде Ден на жалост, поради што се откажуваат сите културни и спортски манифестации и угостителските објекти на територијата на Општината се обврзани […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2018 22:54
•
Posted by: MK News
Пред Собранието и вечерва протести против договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Граѓаните повторно ги упатија своите барања и го блокираа булеварот „11 октомври“ пред собраниската зграда Тие ја повторија поддршката за претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го потпише указот за Законот за ратификација на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/06/2018 22:50
•
Posted by: MK News
Горилата Коко, која го совлада знаковниот јазик почина во 46. година, соопшти денеска Фондацијата Горила. Коко починала во сон во резерват на фондацијата во калифорниските планини Санта Круз во вторникот, пренесува АП. Таа е родена во зоолошка градина во Сан Франциско и докторот Франсис Петерсон почна да ја учи на знаковниот јазик кога таа стана […]
______________________________________________________________________________________________________