09/04/2021 16:11
•
Posted by: MK News
Во голема полициска акција денеска е запленета дрога во вредност од 800 илјади евра, а приведен е и висок полициски службеник, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полиција и Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА. Засега нема подетални информации.
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2021 16:10
•
Posted by: MK News
Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора почина утрово во замокот Винздор. Кралското семејство на својот Твитер профил објави за неговата смрт. Принцот Филип имаше 99 години.
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:41
•
Posted by: MK News
Почина најмладиот пациент во ковид-центарот во Битола, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана, пренесува порталот СДК. – Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати, вели директорката на Битолската […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:38
•
Posted by: MK News
Европскиот суд за човекови права во Стразбур одлучи дека задолжителните вакцини се легални и повеќе од потребни во демократските општества, пренесува „Дојче Веле“. Ваквата одлука е резултат на жалбата до Судот поднесена од чешки фамилии поради задолжителните вакцини за деца. „Мерките може да се опишат како „неопходни во демократски општества“, стои во одлуката на Судот. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:28
•
Posted by: MK News
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта. При донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини, соопшти ЕМА, пренесувана од британските […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:26
•
Posted by: MK News
Клиничката болница „Жан Митрев“ соопшти дека согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, од денеска овозможува пакети за лекување од Ковид-19. Досега пациентите плаќаа 12 000 евра, од сега за пациенти кои ќе се лекуваат на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:21
•
Posted by: MK News
Пет осудени лица, меѓу кои поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во Штипскиот затвор се позитивни на Ковид-19. Од затворот потврдија дека има заразени и тројца вработени, пишува СДК. „Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на корона вирусот и пет […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:19
•
Posted by: MK News
На Клиниката во Ниш вчера почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев. Докторот Анѓелко Ѓорчев падна во кома само две минути откако ја прими вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:18
•
Posted by: MK News
Германија одобри користење на руската вакцина Спутник В. Првите 2,5 милиони дози ќе бидат наменети за жителите на покраината Баварија. Оваа одлука ќе стапи на сила откако вакцината ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови. Властите во Баварија очекуваат вакцината да се произведува и во баварскиот град Илертисен, а процесот може да започне уште […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:15
•
Posted by: MK News
На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека утринава се разговарало за ставот на ЕМА за вакцината на АстраЗенека и донесена е одлука да не се дава на лица помлади од 60 години. -Утрово разговараме за ставот на европската агенција за лекови во врска со безбедноста на АстраЗенека. После евалуацијата на сите тие […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:14
•
Posted by: MK News
Во денешната изјава за медиуми министерот д-р Венко Филипче информираше дека за сите граѓани кои ја примија вакцината на Астра Зенека во Србија, доколку почувствуваат некакви симптоми најдобро е да се јават на контола и преглед кај лекар, а за ревакцинацијата на овие лица дополнително ќе се одлучува врз основа на насоките од националните светски […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2021 15:14
•
Posted by: MK News
Речиси 15 500 повозрасни граѓани во земјава се вакцинирани со „Астра Зенека“ и засега нема пријавена ниту една несакана реакција од вакцинацијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека останува само пријавениот случај на 28-годишната девојка која имала несакани реакции по вакцинација со оваа вакцина во Србија. -Близу 15 500 граѓани досега […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2021 13:46
•
Posted by: MK News
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Свето Благовештение попознат како Благовец, кој се вбројува во постојаните празници, не го менува датумот и секогаш е на 7-ми април. Старите велат дека зимата завршува со Благовештението. Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2021 13:34
•
Posted by: MK News
По кратко боледување, денеска во Скопје, на 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија. Зврлевски беше роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работното искуство го започна при Македонската академија на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2021 21:36
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2021 21:34
•
Posted by: MK News
32-годишен пациент од Скопје е најмладата жртва на коронавирусот во последното деноноќие. Според податоците кои ги испрати Министерството за здравство, во последните 24 часа починале 45 лица заразени со Ковид-19. Најголем дел, дури 20 се од Скопје, (89г , 85г , 84г , 83г ,81г ,81г, 77г , 76г , 76г , 76г ,73,71г, 69г, […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2021 21:31
•
Posted by: MK News
Не може најбараните светски криминалци да добиваат пасоши во Македонија а за тоа Заев и Спасовски да не знаат ништо. Опозицискиот лидер Мицкоски бара одговорност од владата за аферата Мафија. Мицкоски вели дека оваа афера ќе биде една од првите кои ќе ја расветли неговата партија по промената на власта. Мицкоски аферата Мафија ја објави […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2021 21:30
•
Posted by: MK News
На денешната вонредна прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека кривични пријави добиле 10 лица а 9 лица се уапсени во случајот „Мафија“. Вработени во управните служби на МВР ја злоупотребиле службената положба издавајќи македонски лични документи и патни исправи на странски државјани, информираше на денешната вонредна прес конференција министерот за внатрешни работи […]
______________________________________________________________________________________________________