07/03/2018 11:57
•
Posted by: MK News
Со жонглирање до 100 во кое учествуваа голем број фудбалски асови беше означено одбројувањето 100 дена до стартот на мундијалот во Русија. Церемонијата ја затворија со жонглирање рускиот претседател Владимир Путин и првиот човек на ФИФА Инфантино.
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2018 11:53
•
Posted by: MK News
Вчера во 10.00 часот во Полициската станица Крушево, триесет и четири годишен жител на Крушево пријавил дека на 3.овој месец, од страна на женско лице од Брисел, Белгија, добил неколку пораки со уценувачка содржина, кои му биле испратени од нејзиниот фејсбук профил. Таа го уценила дека доколку не уплати 200 евра до 10 часот преку […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2018 11:51
•
Posted by: MK News
Женско бебе на на 14-месечна возраст вчера починало во приватна болница во Скопје, каде било пренесено откако паднало од височина од 2,5 метри. Бебето се оттргнало од рацете на бабата кога биле на меѓуспрат во влез и преку прозорец паднало надвор. Задобило скршеници на черепот и крварење во мозокот и покрај интервенцијата во болницата, починало […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2018 11:48
•
Posted by: MK News
Провокација, за грчките медиуми, е вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев, кој препорача да се отвори и грчкиот Устав „за се види како Грција води грижа за Грците надвор од земјата“. Новинарите генерално го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА, но под различни наслови. „Провокација од Заев: И Грција да го отвори […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2018 11:45
•
Posted by: MK News
На неколку места е излеана реката Вардар во Скопскиот регион. Излевање има по течението во центарот на Скопје, како и кај мостот кон Јурумлери во општина Аеродром и на местата викани Вител, Чука и Средоред во општина Зелениково. Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места поплавени се земјоделски […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2018 11:42
•
Posted by: MK News
Во близина на „Мајчин дом“ патничко возило „Нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ж.(50) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 12-годишно момче од Скопје. Од ударот детето се здобило со повреди и со возилото на возачот било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2018 11:37
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието им дал една недела на политичките партии да најдат решение, затоа што можностите што тој ги имал како претседател се исцрпени.Џафери во емисијата „200“ на ТВ Алсат рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:49
•
Posted by: MK News
Иако станува збор за многу корисна опција, можноста на Фејсбук да ве препознае во секој момент вознемири многумина. Новиот додаток на најпопуларната социјална мрежа користи препознавање на лица за да ви испрати нотификација доколку некој неовластено постави ваша слика на Фејсбук. Фацијалното препознавање не е ништо ново на Фејсбук, но она што е ново е […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:44
•
Posted by: MK News
Сите видови тумори, полипи, кои растат во самото дишно стебло и прават опструкција со помош на крио сонда по пат на замрзнување и внесување бронхоскоп внатре во дишните патишта ќе може на Клиниката за пулмологија да се отстранат без да се прави хирушки отвор со класична операција и без крварење. Целата интервенција трае околу една […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:42
•
Posted by: MK News
Пратеникот на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Алија Камбероски, е рекордер според исплатени патни трошоци во Собранието за 2017 година. Тој од март до ноември лани за само девет месеци од Собранието добил 12.847 евра за патни трошоци. Ова значи дека во просек, само за патот до Собранието и назад, месечно добивал дополнително по 1.427 […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:39
•
Posted by: MK News
Шеесет и петгодишен Македонец е првиот пациент на кого му е ставен стент на каротида со новиот систем „неурогард“, кој го разви компанијата „Контего медикал“ од Јужна Каролина. Интевенцијата ја изврши д-р Сашко Кедев на Универзитетската Клиника за кардиологија. Со стентирање на каротидите, односно артериите што одат во мозокот, практично се спречува појава на мозочен […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:36
•
Posted by: MK News
Капитенот на македонскиот фудбалски првак Вардар, Бобан Грнчаров, денеска беше во посета на Златко Трајковски, повредениот навивач на црвено-црните, кој беше избоден во четвртокот во центарот на Скопје. Повредениот Злате, како што го нарекуваат најблиските и неговите колеги од трибината, е во добра здравствена состојба, но не се знае уште колку ќе остане на болничко […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:35
•
Posted by: MK News
Насилството на децата врз другите деца се случува почесто отколку што мислиме и се зема здраво за готово зошто „тие се само деца“. Една мајка не можела повеќе да го трпи злоставувањето на својата ќерка па одлучила сето ова да го сподели на Фејсбук. Ќерката на Ејми Џонсон постојано дома доаѓала расплакана зошто во школскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:34
•
Posted by: MK News
Владата на попладневната седница донела одлука за формирање на Управен одбор на Проектот – Самовработување со кредитирање и Проектот кредитирање на правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места. Станува збор за проект кој се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:33
•
Posted by: MK News
Сергеј Скрипал, поранешен руски воен командант и агент на руската воена-разузнавачка агенција “GRU”, кој од 2010. година живее во Англија, е во болница во Салисбури во критична состојба, судејќи по се е отруен. Ако ова ви звучи како дежа ву, не сте единствени. “Ова е како дежа ву, како тоа што ми се случи на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:23
•
Posted by: MK News
Бекир Асани, поранешниот претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир, повторно го паркирал своето возило на истото место каде што при обид пајак-служба да го крене возилото, пајакот ја повреди полицајката. Sitel.com.mk
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 21:19
•
Posted by: MK News
Денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје го приведоа Б.Н. (15) од Скопје во врска со нападот на 17-годишниот З.Т. на автобуската постојка „Рекорд“ на ул. „ Димитрие Чуповски“ на 01.03.2018 година, соопшти МВР. Тој, заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од с.Љубин, скопско, физички го нападнале З.Т. и му […]
______________________________________________________________________________________________________
06/03/2018 17:32
•
Posted by: MK News
Американските власти нудат награда од 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во пронаоѓањето на студентката по актерство од Скопје, Адеа Шабани. Според полицискиот оддел во Лос Анџелес дваесет и пет годишната Адеа исчезнала на 23 февруари, во 11 часот, под сомнителни околности. – Последен пат е видена во близна на блок 1700 […]
______________________________________________________________________________________________________