15/01/2018 14:44
•
Posted by: MK News
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, до судијката Весна Димишкова која му одреди куќен притвор упати барање да присуствува на собраниската седница во четврток кога генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе се обрати пред пратениците, пишува А1он. Според дописот, Тарчуловски наведува дека неговото присуство на седницата е во насока на неговите заложби и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:41
•
Posted by: MK News
Полициската станица Прилеп поднесе известување против 37-годишниот Ш.Р. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое нема наполнето 14 години“. Како што информираат од МВР, пријавениот, во својот дом, со употреба на физичка сила извршил полови дејствија над 13-годишно девојче со кое бил во роднински врски.
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:40
•
Posted by: MK News
Премиерот на Албанија, Еди Рама, го оцени усвојувањето на законот за употреба на јазиците во Република Македонија како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:38
•
Posted by: MK News
Најмалку две лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати, а 65 се повредени кога земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтерова скала го погоди денеска Перу. Гувернерката на регионот Арекипа, Јамила Осорио објави на Твитер дека 55-годишен маж настрадал кога врз него се урнала карпа во областа Јаук. Другата жртва настрадала во истиот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:35
•
Posted by: MK News
Авион на „Кроација ерлајнс“ на летот Франкфурт – Дубровник е удрен од гром непосредно пред слетувањето на аеродромот во Дубровник. Се наведува дека инцидентот се случил синоќа околу 21 часот. Слетувањето поминало без никакви проблеми. Оштетувањето на авионот „Ербас“ А319 е видливо и авионот е приземјен. Механичарите на хрватскиот авиопревозник ќе се обидат да го […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:34
•
Posted by: MK News
Една Италијанска се најде на суд откако ја тужеше 16-годишниот син, а сето поради фотографиите кои ги објавувала на социјалната мрежа Фејсбук. Семејниот суд во Рим на една мајка и забрани да објавува фотографии од својот син, а ако тоа го прекрши и се заканува казна од 10.000 евра. Имено, момче покрена тужба против својата […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:31
•
Posted by: MK News
Бројот на ранетите во тепачката со ножеви во средното училиште во Перм порасна на 15, од кои 12 се хоспитализирани, соопшти адиминстрацијата на градот. Медиумите претходно јавија дека за нападот со ножеви во училиштето се одговорни двајца ученици од тоа училиште, соопштија локаните официјални лица. Како што се наведува, тие започнале кавга со употреба на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:30
•
Posted by: MK News
Охридските пратеници Сашо Василески и Љубен Арнаудов како и Богдан Илиевски Бетмен од денес започнале штрајк со глад – дознава Охрид1 од свои извори. На социјалните мрежи нивните роднини и пријатели пишуваат за штрајкот на притворените. Нивниот притвор беше продолжен за 30 дена, а Апелација ги одби нивните жалби со кои бараа поблага мерка. Осомничените […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:29
•
Posted by: MK News
Претседателот Ѓорге Иванов до четврток на полноќ треба да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците или да го врати во Собранието со или без забелешки. Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците на 11 јануари, а потоа текстот беше испратен во кабинетот на претседателот. Неизвесно е како ќе постапи […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:26
•
Posted by: MK News
Шеесет и две годишниот Ж.М. од Скопје бил пронајден мртов во својот дом ул. „Иван Наумов Алабакот“. Случајот го пријавил неговиот внук Љ.П. вчера утрото кој го пронашол својот дедо мртов со прострелна рана од огнено оружје во главата. – Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:25
•
Posted by: MK News
Зоран (55), Драгица (47) и Игор (25) Ангелови загинаа во саботата навечер во сообраќајна несреќа на мостот кај зајечарското село Салаш. Биле излезени на дочек на православната Нова година, и да се договорат за свадбената веселба на Ивана и Ненад. Наместо со ќерката и зетот да ја дочекаат православната Нова година и да ги завршат […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:22
•
Posted by: MK News
Во Центарот за известување и команда Тетово, вчера во 13.20 часот било пријавено дека во атарот на село Брвеница, тетовско (зад фарма за свињи) се пронајдени остатоци од човечко тело. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Остатоците биле подигнати и предадени на лекар од Судска медицина за понатамошна постапка. Исто така, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:21
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде облачно со локални врнежи, претежно од снег, главно со слаб интензитет. Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од државата, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање мала снежна покривка е можно некаде и во пониските делови на северот од земјава. Температурата ќе се движи […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:19
•
Posted by: MK News
Пратениците на денешната 30. собраниската седница со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласаа Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот беше потпишан од страна на Зоран Заев и Бојко Борисов лани во предвечерието на Илинден. Со него Македонија се откажа од грижата на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/01/2018 14:17
•
Posted by: MK News
Собранието на денешната пленарна седница го изгласа Законот за амнестија со кој им се намалува затворската казна на осудениците. Со овој закон се ослободуваат од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци. Оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната […]
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2018 13:22
•
Posted by: MK News
Полициската станица Неготино поднесе кривична пријава против пет лица поради постоење основи на сомнение дека извршиле продолжено кривично дело „злуопотреба на службената положба и овластување“, „намерно предизвикување стечај“, „оштетување или повластување на доверители“ и „фалсификување на службена исправа“ во фабриката за кабли Неготино. Со кривичната пријава се опфатени Г.Х. (47), генерален директор на АД „ФКН“ […]
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2018 13:20
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2018 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/01/2018 13:18
•
Posted by: MK News
Дали знаете дека некои апарати во домаќинството водат “таен” живот и продолжуваат да работат дури и кога ќе го стиснете копчето за исклучување. Полнач без мобилен телефон Полнач оставен во струја троши енергија дури и кога на него не е приклучен телефон. Потрошувачката е минимална, па нема претерано да ве удри по џебот. Компјутери и […]
______________________________________________________________________________________________________