18/10/2017 13:15
•
Posted by: MK News
Судот им определи притвор од 30 дена на четворица обвинети за нападот врз Зијадин Села на 27 април. „По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело убиство во обид […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 13:13
•
Posted by: MK News
Це-де со снимен телефонски разговор меѓу поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, му предаде специјалното јавно обвинителство на судот како доказ во постапката за предметот „Сопот“. Доставен е и аудио разговор од МВР со сведокот Рамадан Бајрами. Ова се дел од дополнителните докази кои СЈО му ги […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 13:12
•
Posted by: MK News
Полициско возило удри во велосипедист во Центар, пред ЕУ-инфо центарот. Неформалната група „На точак“ објави фотографија на „Фејсбук“ на која се гледа превртен велосипед на пешачки премин. „На семафорот пред ЕУ-инфо цента, полициско возило удри во велосипедист на пешачки премин. Полициското возило свртело десно заобиколувајќи го триаголникот и го удрил велосипедот додека поминувал пешачки на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:36
•
Posted by: MK News
Јавното обвинителство денеска извести дека за постапката што се води во Основното јавно обвинителство во Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:33
•
Posted by: MK News
Од почетокот на наредната недела се очекува зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање. Минималната температура во понеделник ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 15 до 23 степени. До недела времето ќе се задржи стабилно суво и топло со позитивни утрински температури Максималните температури […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:32
•
Posted by: MK News
Австралија воведе национална алатка, наменета да им помогне на жртвите на „одмазничко порно“. Одмазничко порно или злоупотреба базирана на слики, е споделувањето на експлицитни слики без согласност на личноста која е на нив. Алатката на австралиската Влада, всушност е национален портал, кој обезбедува совети за тоа како да бидат отстранети спорните слики, известување на властите […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:28
•
Posted by: MK News
Тригодишно дете од струшкото село Ново Село починало, поради тешки изгореници, кои ги добило во пожар кој избувнал во семејниот дом. Според информациите од МВР во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот, во семејниот дом на 32-годишниот Г.И. од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:26
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не размислува за предвремени парламентарни избори бидејќи приоритет во моментов е завршување на локалните избори кои се во тек, а нивниот досегашен резултат, вели, го охрабрува да се фокусира на носење сериозни одлуки, меѓу кои и за прашањето за името на транспарентен и инклузивен начин. – Не размислувам за […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:25
•
Posted by: MK News
Каталонката што бараше ексхумација на телото на шпанскиот уметник Салвадор Дали поради утврдување на татковството, ќе мора да ги сноси трошоците на таа процедура, соопштија извори блиски на шпанскиот суд. Судијата во Мадрид на 13 октомври потврди дека резултатите од тестовите на примероците на ДНК земени од телото на уметникот утврдиле дека Дали и Каталонката […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:21
•
Posted by: MK News
Десет лица денеска се уапсени во југоисточна Франција и во парискиот регион под сомнение дека планирале убиства на политичари. Уапсените лица се на возраст од 17 до 25 години. Апсењето е во рамките на истрагата за ултра десничарските активисти.
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:20
•
Posted by: MK News
Скандалите што владеат во Холивуд последните денови изгледа станаа добар поттикнувач за оние што досега молчеа за вистините што со себе ги носи таинствениот шоубизнис. По скандалот со продуцентот Харви Вајнстајн, кој последните три децении злоупотребувал познати актерки и манекенки, се огласи пејачката на женскиот бенд „Пусикет долс“, која откри дека членките на групата билe […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:18
•
Posted by: MK News
Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите „Си-би-ес“, заврши на суд и мора да враќа околу милион австралиски долари, под обвинение дека проневерувал пари, јави австралиската државна телевизија „Еј-би-си“. Трајков, кој во 1991 година го добил одликувањето Редот на Австралија за неговата работа за македонската заедница во […]
______________________________________________________________________________________________________
17/10/2017 19:17
•
Posted by: MK News
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж понуди 20.000 евра за информации за убиството на познатата истражувачка новинарка на Малта. Дафне Каруана Галиција, „Викиликс жената“, беше убиена во понеделникот попладне со автомобил-бомба. Таа беше позната како остра критичарка на власта, која премиерот на Малта Џозеф Мускат го обвини за корупција во скандалот Панама документи (Panama Papers). Беше […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 22:44
•
Posted by: MK News
Повеќе лица се повредени во Свети Николе во 10 минути по полноќ кога дошло до тепачка помеѓу полицаецкој во тој период не бил на работа и група граѓани кои ја прославувале победата на кандидатот за градоначалник на Свети Николе од СДСМ. Како што соопшти МВР, полицискиот службеник сам се пријавил во полициската станица во Свети […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 22:40
•
Posted by: MK News
Петре Шилегов од СДСМ е новиот градоначалник на Град Скопје. Според резултатите од 100 проценти обработени податоци добиени од избирачките места кои Државната изборна комисија ги објави вечерва на веб-страницата, Шилегов на изборите вчера освоил 141.119 гласови односно 50,32 проценти и ја доби градоначалничката функција во првиот круг од изборите. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 22:39
•
Posted by: MK News
Малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција (53) загина денеска во експлозија на автомобил, кратко време откако во својот последен блог ја опиша политичката ситуација на Малта како „очајна“, обвинувајќи ја Владата за корупција. Инцидентот се случил на само неколку метри од нејзиниот дом кога била активирана експлозивната направа поставена под нејзиниот автомобил. Локалната полиција наведе дека […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 22:34
•
Posted by: MK News
Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на големиот човек и пејач, Тоше Проески кој трагично загина во 2007 година, во својата 26-та година од животот. Тоше на 16 октомври загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац во Хрватска. Пејачот спиел во џипот кој удрил во шлепер пред него. Тој во 2004 година беше […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2017 22:30
•
Posted by: MK News
Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција во изборниот штаб во Центар им честиташе на сите граѓани на Скопје и рече дека резултатот е јасен: СДСМ го доби Скопје уште во првиот круг. „Се раѓа ново Скопје“, изјави Шилегов и додаде дека новата администрација ќе биде сервис на граѓаните. „На изборите […]
______________________________________________________________________________________________________