19/10/2017 17:28
•
Posted by: MK News
Четириесет и тригодишна скопјанка била измамена во нејзиниот дом кога гатачка ѝ го зела семејното злато и побегнала. Според полицијата, настанот бил пријавен вчера во 12,30 часот во Полициската станица Гази Баба. М.Р.(43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10 часот била измамена од непозната жена, која ѝ нанела штета од 60.000 денари. Жената […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2017 17:26
•
Posted by: MK News
Остра дискусија трае помеѓу членовите на ДИК на јавната седница на која се расправа по приговорите за изборни нерегуларности поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Досега се разгледани три приговори, а четвртиот е во процедура. Првиот е за две избирачки места во Прилеп, за несовпаѓање на записниците, кој е е отфрлен, како и еден за Ѓорче Петров за […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2017 17:19
•
Posted by: MK News
На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 Скопје во врска со грабежот во „НЛБ банка” четворицата обвинети признаа вина за кривичните дела што им се ставаа на товар. Скопското обвинителство соопшти дека четворицата се изјаснија за виновни дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2017 00:14
•
Posted by: MK News
Поради штрајк на грчките царински служби, ќе биде во прекин сообраќајот за секаков вид преминување на државната граница меѓу Република Македонија и Република Грција, освен за пешаци. Прекинот на сообраќајот е најавен по следниот распоред: ГП Богородица од 6 часот утре до 6 часот на 20.10.2017, ГП Меџитлија од 6.30 часот утре до 6.30 часот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/10/2017 00:12
•
Posted by: MK News
Доцна вечерва се уапсени ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски, по кои полицијата трагаше повеќе од два и пол месеци со меѓународна потерница. Според неофицијални информации тие биле уапсени во Солун. „Макфакс“ го контактираше МВР, но оттаму нема информации. Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:47
•
Posted by: MK News
Скопјанецот Р.Р. (75) вчера попладне бил пронајден мртов во апартман во хотел Лаки во Скопје. Од полицијата информираат дека според првичните информации на безживотното тело на скопјанецот не се забележани траги на насилство. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:46
•
Posted by: MK News
Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска. Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ објави дека до 13 октомври во Белград се регистрирани 34 случаи на заболени. Западнонилска треска е вирус што се пренесува преку убод од комарец. Оваа болест се карактеризира со воспаление […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:43
•
Posted by: MK News
Маж се претставил како инспектор од МВР и киднапирал девојка во Скопје, со насилници ја однел во хотел. За овој настан, СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П. (33), Т.П. (31) и А.Б. (31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. Како што информираат од МВР, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:40
•
Posted by: MK News
Дваесет и петгодишен пробиштанец силувал 11-годишно девојче, кое претходно го запонал фејсбук, информираа од МВР. Според полицијата, надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против С.С. (25) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Пријавениот во текот на летото 2017 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:38
•
Posted by: MK News
Цивилната гарда во Шпанија уапси 21-годишна девојка под сомневање дека регрутира лица за да им се придружат на борците од Исламската држава во Сирија и Ирак. Акцијата беше спроведена со помош на ФБИ. Министерството за внатрешни работи соопшти дека таа жена, следејќи ја пропагандата на џихадистите, се саморадикализирала, како и дека воспоставила онлајн врска со […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:36
•
Posted by: MK News
Денот на Македонската револуционерна борба 23 Октомври, понеделник, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на Македонската револуционерна борба.
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:34
•
Posted by: MK News
Фотографии на српската премиерка Ана Брнабиќ од 90-те години, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ се појавија на Твитер. Пред да се појави на политичката сцена, Ана завршила во Петтата белградска гимназија, а потоа во САД каде во 1998 година завршува студии за бизнис администрација. Магистрирала во Британија. Според српски медиуми, таа сака музика […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 14:33
•
Posted by: MK News
Реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин на „глупавата“ изјава на министерот за земјоделство Александар Ткачов стана хит на социјалните мрежи. На состанокот на руски политичари во Вороњеж, Ткачов зборуваше за тоа дека Германија на годишно ниво извезува три милиони тони свинско месо. – Годишно извезуваат три милиони свинско месо во Кина, Индонезија, Јапонија, истакна Ткачов, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 13:22
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија ги објави имињата на новоизбраните советници на Град Скопје. СДСМ и коалицијата во првиот круг на локалните избори што се одржаа во неделата, 15 октомври, освоија 21 советник, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 17. ДУИ обезбеди три советнички места, Беса- двајца, Алијанса за Албанците и Левица освоија по едно советничко место. ДИК освен […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 13:19
•
Posted by: MK News
Едно лице е загина, а уште три се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Умчари. Како што неофицијално дознава Новости, до несреќата дошло на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот кој е во правец на Ниш, кога автомобилот од марка „Ауди А6“ со македонски регистерски таблици излетал од патот. Во возилото […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 13:15
•
Posted by: MK News
Судот им определи притвор од 30 дена на четворица обвинети за нападот врз Зијадин Села на 27 април. „По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело убиство во обид […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 13:13
•
Posted by: MK News
Це-де со снимен телефонски разговор меѓу поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, му предаде специјалното јавно обвинителство на судот како доказ во постапката за предметот „Сопот“. Доставен е и аудио разговор од МВР со сведокот Рамадан Бајрами. Ова се дел од дополнителните докази кои СЈО му ги […]
______________________________________________________________________________________________________
18/10/2017 13:12
•
Posted by: MK News
Полициско возило удри во велосипедист во Центар, пред ЕУ-инфо центарот. Неформалната група „На точак“ објави фотографија на „Фејсбук“ на која се гледа превртен велосипед на пешачки премин. „На семафорот пред ЕУ-инфо цента, полициско возило удри во велосипедист на пешачки премин. Полициското возило свртело десно заобиколувајќи го триаголникот и го удрил велосипедот додека поминувал пешачки на […]
______________________________________________________________________________________________________